• петок, 05 декември 2025
МИА Најави МКД

23 мај 2025

Маракеш - Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши, ќе учествува на Економскиот парламентарен форум на земјите членките на Парламентарното собрание на Медитеранот (ПАМ), кој ќе се одржи во Маракеш, Мароко.

Скопје - Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски ќе биде домаќин на посетата на Каја Калас, висока претставничка на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика.
 
Тет-а-тет средба  (11:15)
 
- Билатерална средба (11:25)
 
- Заедничка прес-конференција на Калас и премиерот Мицкоски. (Влада, Медија центар/12:10)

Скопје - Министерот за надворешни работи и трговија, Тимчо Муцунски и високата претставничка за надворешни работи Каја Калас ќе се обратат на отворањето на дијалогот за безбедност и одбрана меѓу ЕУ и Северна Македонија во Министерството за надворешни работи. (МНР/14:00)

Скопје - Министерот Владо Мисајловски и високата претставничка на Европската Унија за надворешна и безбедносна политика, Каја Калас ќе го посетат седиштето на Балканските медицински наменски сили (Balkan Medical Task Force). (во касарна Илинден, предвидени се изјави за медиумите/14:30)

Скопје - Прес-конференција на претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски. (Простории на РКЕ/13:00)

Скопје - Свеченост по повод одбележување на 76-годишнината од основањето на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, како и прославата на патрониот празник – Денот на светите Кирил и Методиј, 24 Мај, на која ќе се обрати и министерката за образование и наука Весна Јаневска.

- Положување цвеќе на споменкот на Светите Кирил и Методиј. (Плато на УКИМ/10:00) 

- Воведни обраќања (Ректорат, свечена аула/12:00)

Скопје - Свечена академија по повод одбележување на 120 години од Националниот Ден на Власите под слоганот „120 години – Столб на балканската историја, сегашност и иднина“ во организација на Министерството за односи меѓу заедниците во соработка со влашките здруженија, културни институции и јавни организации. (Македонски народен театар/18:00)

Скопје - По повод посетата на група од Харвард во рамки на иницијативата Балкан Трек, Министерството за односи меѓу заедниците организира настан на кој ќе присуствуваат и 40 мастер и докторски студенти од оваа престижна образовна институција. (Министерство за односи меѓу заедниците/14:00)

Сккопје - Граѓанскиот ресурсен центар ќе одржи онлајн консултативна средба за новата Стратегија на Владата за соработка со и развој на граѓанското општество, со Акцискиот план 2025-2028. (Платформа ЗООМ/11:00)

Скопје - Национален форум за дискусија насловен „Положбата и правата на жртвите на трговија со луѓе во кривичната постапка“ во организација на Отворена порта/Ла Страда. (х.„Панорамика/12:00) 

Штип - Изјава на градоначалникот на Општина Зрновци и директорот на ЦРИПР во врска со доградба и реконструкција на ОУ "Синиша Стоилов" во Општина Зрновци. (Центар за развој на Источен плански регион, зграда "Бетон“/9:00)

Скопје - Манифестација „Цртање на асфалт“ под мотото - Ја учам азбуката, моите први букви во организација на ЈУ. Детски културен центар – Карпош. (Детски културен центар Карпош/10:00) 

Скопје - Отворање на изложбата „Агапе“ на Горјан Ѓорѓиев. (Галерија „Метаноја“/19:00)

Скопје - Изведба на операта Мадам Батерфлај“ од Џакомо Пучини под диригентска палка на Марко Боеми. (Национална опера и балет/20:00)

Гостивар - Концерт на Градскиот мешан хор ,,Вардар” од Скопје. (НУ Центар за култура „АСНОМ”/19:00)

_____________________________________________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан