• четврток, 21 ноември 2024

МИА Најави МКД

МИА Најави МКД

22 февруари 2024 

Скопје - Собранието на Република Северна Македонија ќе ги одржи 140-та, 138-та, 129-та, 131-та и 143-та седница. (Сала „Македонија“ / 11:00, 11:15, 11:30, 11:45, 12:00)

Скопје - Седница на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците. (Сала 4/10:00)

Скопје - Седница на собраниската Комисија за локална самоуправа. (Сала 6/11:00)

Скопје - Седница на собраниската Комисија за економски прашања. (Сала „Борис Трајковски“/12:00)

Скопје - Законодавно-правната комисија ќе ги одржи 238-та и 231-та седница. (Сала 4 /13:00 и 13:15)

Скопје - Техничкиот премиер Талат Џафери ќе ја посети детската градинка „Фидани 3“ во Општина Чаир.  (10:00; изјави за медиумите)

Велес - Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски во работна посета на општина Велес:

- ќе ја посети браната Лисиче каде е предвидена реализација на проектот за изградба на цевковод за наводнување на земјоделските површини (11:30)

- средба со земјоделци производители на сончоглед во компанијата „Кристал“  (14:00 /  по средбата со земјоделците министерот Николовски ќе даде изјава за медиумите)

Скопје - Заменик министерката за здравство Маја Манолева ќе ја посети Поликлиника „Јане Сандански“. (11:00, изјава за медиумите пред Поликлиниката по завршување на посетата)

Скопје - Амбасадорот на Јапонија, Оцука Казуја, ќе потпише пет договори за грантови во склоп на GGP Програмата за мали грантови за основни човекови потреби и човекова безбедност. (х.„Мериот“, сала АBC, 1 кат /16:30)

Скопје - Фондот за здравствено осигурување ќе одржи брифинг со новинарите. (ФЗОМ, голема сала, 3 кат / 13:00, без камери)

Велес - Втор симпозиум на Друштвото на кардиолошки сестри при ЗМСТАС „За нас“ на тема „Нови професионални перспективи во кардиологијата“. (Голема општинска сала/14:00)

Велес - Амбасадорот Дејвид Гир, шеф на Делегацијата на ЕУ, заедно со други амбасадори од земјите членки на ЕУ ќе учествуваат на церемонијата на донации во „Јуроп Хаус“ Велес. (Јуроп Хаус Велес/11:00)

Тетово - Претседателот на ДУИ Али Ахмети ќе одржи прес-конференција во седиштето на ДУИ во Мала Речица. (13:00)

Скопје - Обраќање на Али Ахмети преку директен пренос на неговата страница на социјалната мрежа Фејсбук.  (https://www.facebook.com/AliAhmetiOfficial /11:00)  

Скопје - Прв конгрес на политичката партија Движење ЗНАМ - За наша Македонија. (х.„Хилтон“/19:00)

Скопје - Прес-конференција на Коалиција „Вреди”. (Канцеларија  кај плоштадот „Скендербег“ /  11:00) 

Скопје - КЦ Бруталиск ја одбележува втората годишнина од руската инвазија врз Украина со серија бесплатни кино проекции на овогодинешниот двократен кандидат за Оскар „20 дена во Мариупол“. (бул. Илинден 38 во Дебар Маало)

Берово - Презентација на наоди од теренско истражување „Република Северна Македонија - погранични економски активности со Бугарија: Запоставена димензија“. (х.„Аурора“ /10:30)

Скопје - Одбележување 150-годишнина од раѓањето на револуционерот Васил Чакаларов, во организација на Здруженијата на Македонците по потекло од Егејскиот дел на Македонија. (р.„Рагуза", катна гаража / 14:00)

Скопје - Прес-конференција по повод изложбата Зимски салон на тема ,,Интимност и интерконекција" на Друштвото на ликовни уметници на Македонија. (Национална галерија, објект Чифте амам/12:00)

Скопје - Театарски перформанс „Лилит". (КСП Центар - Јадро/20:00)

Скопје - Проекција на музичко-документарниот филм „Перо Ловшин – Ти можеш“ во организација на Словенечки центар-Скопје и Кинотека. (Кинотека /20:00)

Скопје - Концерт на Македонската филхармонија насловен „Хармонија” на кој како солист ќе настапи српскиот виолончелист Драган Ѓорѓевиќ. (Македонска филхармонија /20:00)

_______________________________________________________________________________________________

МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини

 

 

 

Остани поврзан