МИА Најави МКД
- 17 септември 2025
17 септември 2025
Куманово - Премиерот Христијан Мицкоски ќе ги посети кланицата БДА Компани (12:00) и најстариот спортски комплекс „Соколана“, каде ќе даде изјава за медиумите. (12:45)
Скопје - Уставниот суд ќе ја одржи 19. седница. (Уставен суд / 9:30)
Скопје - Прва конференција „Бизнис лидер“ под мотото „Обликување на иднината: Лидерство во ерата на трансформација“. ( хотел „ Александар Палас“)
Скопје - Прес - конференција на претседателот на Синдикатот на работниците од угостителството, туризмот, комунално- станбеното стопанство, занаетчиството и заштитните друштва на Македонија (СУТКОЗ) Стојанче Кашиковски. (ССМ, сала на 6 кат / 13:30)
Скопје - Тематски форум „Одржливо и функционално Скопје’’ во организација на Центарот за климатски промени . (Кино „Фросина“ / 17:00)
Скопје - Прес - конференција на Движењето ЗНАМ - За наша Македонија. (Седиште на ЗНАМ, ул. „Климент Охридски“ бр.66 / 12:00)
Скопје - Прес-конференцијата на Арта Билали Зендели од Демократската унија за интеграција. (Седиште на ДУИ / 11:00)
Скопје - Прес-конференција по повод премиерната изведба на националното балетско дело „Градина на почетоците“ од Стојан Стојков. (Фоаје на Националната опера и балет / 11:00)
Истанбул - Во Македонскиот културно-информативен центар во Истанбул ќе се одржи концерт на Александра Кировска (гитара) и Мила Николовска Ѓумар (сопран), а ќе биде отворена и изложбата „Рециклирани пејзажни симболи“ на уметникот Давид Атанасоски.
Скопје - Културно лето во Ѓорче Петров. (На платото на корзото до „Тинекс“ / 19:00)
__________________________________________________________
***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***