• недела, 05 мај 2024
МИА Најави МКД

МИА Најави МКД

11 мај 2023

Скопје – Средба на претседателот на Комисијата за европски прашања Арбер Адеми, и членовите со делегацијата на Пратеничката група на Парламентот на Република Австрија за соработка со Собранието на Република Северна Македонија. (Сала на Уставна комисија/ 10:00 – 11:00)

Скопје – Средба на претседателката на Клубот на пратенички во Собранието Лолита Ристова и членовите со делегацијата на Пратеничката група на Парламентот на Република Австрија за соработка со Собранието на Република Северна Македонија. (Сала на Уставна комисија/ 11:00 – 11:45)

Скопје – Седница на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата. (Сала „Борис Трајковски“/ 10:00)

Скopje - Седница бр. 54 на Комисија за европски прашања. (Сала „Борис Трајковски“ / 11:00 часот)

Скопје – Седници на собраниската Комисија за образование, наука и спорт. (Сала 6/ 11:00 и 13:00)

Штип – Премиерот Димитар Ковачевски ќе се обрати на настан по повод почеток на градежни работи на инвестициски проект на компанијата „Магна Мехатроникс“ во ТИРЗ- Штип. (локација:  https://www.google.com/maps/place/41%C2%B046'27.4%22N+22%C2%B009'40.9%22E/@41.774268,22.161362,17z/data=!3m1!4b1!4m4!3m3!8m2!3d41.774268!4d22.161362, ТИРЗ - Штип/ 11:00)

Скопје – Советот на Амбасадори ќе биде домаќин на делегацијата на „Совет на Американски Амбасадори“.

- Вицепремиерот за европски интеграции ќе се сретне со делегацијата на „Совет на Американски Амбасадори“. (Клуб на пратеници/ 18:30 – 19:15)

Скопје – Седница на работната група за  подготвување на предлог иницијативата за потребата од измени на Уставот. (Влада на РСМ/ 14:30, по завршување на седницата, доколку има интерес, изјава за медиумите ќе даде претседателката на работната група Маргарита Цаца Николовска)

Скопје - Изјава за медиуми на Синдикатот на Државен испитен центар. (ДИЦ / 11:00 часот)

Скопје – Институтот за демократија организира брифинг – појадок за презентација на документот „Осврт кон некои елементи од Протокол од Вториот состанок на Заедничката меѓувладина комисија, формирана врз основа на членот 12 од Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија. (Јавна соба/ 9:00 – 10:00)

Скопје – Промоција на проектите на 45 граѓански организации, имплементирани во рамки на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 - ReLOaD2. (Europe House/ 12:00, пред почетокот на настанот изјави ќе дадат Дејвид Гир, амбасадор на ЕУ во РСМ и Армен Григорјан, постојан претставник на УНДП)

Скопје – „Ден за кариерен развој“ за сите студенти на УКИМ, во организација на Центарот за кариера на УКИМ, а во насока на унапредување на вештините и насочување на студентите во нивниот понатамошен кариерен развој. (на Техничкиот кампус на УКИМ, голем паркинг кај ФЕИТ и Машински факултет/ 12:00 – 16:00)

Штип – ВМРО-ДПМНЕ во рамки на акцијата „Ова е Македонија за сите" организира трибина на тема „Современи образовни политики“. (во Ректорат, на ул. „Крсте Мисирков“ бр. 10а и на официјалниот канал на Youtube на ВМРО-ДПМНЕ и официјалниот ФБ профил на Христијан Мицкоски/ 18:00)

Охрид – Петти конгрес на гинеколози и опстетричари на Република Северна Македонија во организација на Македонската асоцијација на гинеколози и опстетричари – МАГО. (х. „Инекс Олгица“)

Скопје – Чествување по повод 150-годишнината од раѓањето на Свети Цар Јустинијан Прв на кое ќе биде прикажана монодрамата „Јустинијан Први“ во изведба на Петар Темелковски, по текст на Јордан Плевнеш. (во холот на ОУ „Марко Цепенков“ – Зелениково/ 20:00)

Скопје – Прес-конференција на Коалиција Менуваме. (бул. „Илинден“ бр. 82/ 12:00)

Скопје – Оркестарот на Филхармонија ќе го одржи концертот насловен „Филиз“ на кој како солистка ќе настапи пијанистката Мари – Анж Нгучи, Франција/Албанија. (Филхармонија/ 20:00)

Скопје – Четврто издание на Скопскиот Градски фестивал на кој ќе настапат Елвис Станиќ и квартетот AJS Quartet (Albanian Jazz Society Quartet). (МКЦ, сала „Фросина“/ 20:00)

Скопје – Промоција на поетската книга „Живот на меѓукат“ од Јовица Ивановски. (Изложбен Салон Империјал 1/ 20:00)

Софија – Четиринаесетта македонска книжевна визита во Софија. 

Скопје – Отворање на изложбата „Експериментален цртеж“. (во Уметничкиот центар АРТ ХАБ/ 20:00)

___________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан