• среда, 29 јануари 2025
МИА Најави МКД

29 јануари 2025 

Скопје - Претседателот на Собранието, Африм Гаши ќе одржи средба со амбасадорот на Италијанската Република, Паоло Палминтери. (Стар кабинет/9:30)

Скопје - Средба на Комисијата за европски прашања со претставници од Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС). (Сала на Уставна комисија/10:15)

Скопје - Собранието на Р. Северна Македонија ќе ги одржи 33-та и  27-та седница. (Сала „Македонија“/11:00/11:10)

Скопје - Седница на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата. (Сала 4/13:00)

Скопје - Премиерот Христијан Мицкоски ќе присуствува во касарната „Гоце Делчев“ каде ќе се симулира сајбер хибриден напад. (Сина сала бр.54 / изјави за медиуми 11:45)

Скопје - Прес-конференција на пратеникот Амар Мециновиќ. (Собрание, прес-центар/11:00)

Скопје - Седница на Судскиот совет на РСМ. (Судски совет/10:00)  

Тетово - Состанок на Унијата на турските општини во светот, настан кој ги зајакнува врските и размените помеѓу општините учеснички. (Хотел Меркур-Тетово/11:00 / изјави на градоначалниците на Тетово, Биљал Касами и на Коња, Ибрахим Уѓур Алтај /10:50)

По изјавата, медиумските екипи ќе имаат можност да снимат материјали од состанокот и да ги пренесат главните случувања.

Скопје – Прес-конференција на Младинскиот Форум - ГВ на Демократската унија за интеграција. (Пред Министерството за односи меѓу заедниците/11:00)

Белград - „Алијансата за зелен раст на Западен Балкан: зајакнување на одржливите индустрии“ и истражување на компаниите. (х.„Метропол Палас“)

Битола - Прес-конференција по повод одбележувањето на 80-годишниот јубилеј од првиот одржан час на современ македонски јазик во гимназијата. (Гимназија „Јосип Броз Тито“/12:00)

Скопје - Премиера на претставата „Да живее Долна Дупка“, во режија на Коле Ангеловски. (Театар Комедија)

_______________________________________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан