• сабота, 18 мај 2024
МИА Најави МКД

МИА Најави МКД

14 април 2024

Скопје – Иницијатива „Сите за МКЦ“ организира собир за поддршка на културните простори кои згаснуваат. (во паркот зад МКЦ, односно на тревникот каде се наоѓа споменикот „Бомба“/ 14:00)

Скопје – Пролетен маскенбал во организација на ЈП „Лајка“. (Градски парк, на „Школка“/ 12:00)

 

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024

Старо Нагоричане/ Ранковце/ Крива Паланка/ Куманово – Кандидатот за претседател Стево Пендаровски ќе ги посети општините Старо Нагоричане во (15:00), Кратово во (16:30) и Ранковце во (17:30). Пендаровски ќе одржи митинзи во Крива Паланка во (18:30)  и во Куманово (20:00)

Скопје – Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски ќе оствари средби со граѓани на промотивните штандови во рамки на активностите за поддршка на кандидатот за претседател, Стево Пендаровски и ќе им се придружи на СДММ во планираните спортско рекреативни активности, на кои ќе учествуваат и претставници на Коалицијата за европска иднина. (по завршувањето на активностите, предвидени се изјави за медиумите на паркингот на Средно Водно/ 10:30)

Скопје – Кандидатот за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова ќе ја презентира програмата пред граѓаните во Петровец (17:00), Центар (18:30) и Кисела Вода (20:30)

Скопје – Кандидатот за претседател на Движењето ЗНАМ - За наша Македонија, Максим Димитриевски ќе ја презентира програмата пред граѓаните во Скопје. (на три локации во Градски парк – пункт кај седум чешми (13:00), пункт во близина на Луна паркот и дискотеките во правец према паркот за миленици и пункт во близина на езерцата кај споменикот каде ќе даде изјава за медиумите, видео линк на fb страната Maksim Dimitrievski/ 14:00).

Скопје/ Кавадарци – Кандидатот за претседател од Левица, Билјана Ванковска на средби со жителите на Општина Аеродром во Ново Лисиче, парк „Авионче“ (12:00), а програмата ќе ја презентира  и пред граѓаните на митинг во Кавадарци. (во Домот на културата „Иван Мазов“/ 19:30) 

 __________________________________________________________ 

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан