МИА Најави МКД
- 25 февруари 2025

25 февруари 2025
Скопје - Собранието на Северна Македонија ќе ги одржи 35. и 34. седница. (Сала „Македонија/ 11:00, 11:10)
Скопје - Седница на законодавно правната комисија. (сала 4/ 12:00)
Скопје - Седница на Комисија за финансирање и буџет. (сала 4/ 12:30)
Скопје - Седница на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата. (Сала 4/11:00)
Скопје - Седница на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот. (Сала „Борис Трајковски“/11:00)
Скопје - Седница на собраниската Комисија за економски прашања, труд и енергетска политика. (Сала 6/11:00)
Скопје - Седница на собраниската Комисија за култура и туризам. (Сала 6/12:00)
Скопје - Посета на европратеникот и постојан известувач на Европскиот парламент Томас Вајц:
- средба со раководството на коалицијата ВЛЕН (Сала на влада/10:30)
- средба со Иванка Василевска, копретседавачка на МПК - РСМ и ЕУ (Канцеларија 214/11:30
- средба со лидерот на СДСМ Венко Филипче (Сала на Влада/12:30)
Скопје - Потпретседателот на Собранието и претседател на Комисијата за европски прашања Антонијо Милошоски ќе одржи средба со данската амбасадорка Перниле Деилер. (Собрание, канцеларија 161/11:00)
Скопје - Прес-конференција на претседателот на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот Димитар Апасиев. (прес-центар/11:00)
Скопје - Лекарската комора ќе додели лиценци за работа на доктори на медицина, по повод 20 години откако согласно Законот на здравствена заштита доби овластувања да организира полагање на стручен испит, да издава лиценци за работа и да акретитира настани од континуирана медицинска едукација. (Лекарска комора бул. Партизански одреди бр. 3, изјави за медиуми/12:45)
Скопје - Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски и градоначалничката на Општина Трговиште, Наташа Манасијевич ќе се обратат на завршна конференција на прекуграничниот проект „ЦБЦ еквилајзер за пол и возраст на работните места“. (Queen’s Hotel/12:00)
Битола - Прес-конференција посветена на добиената заедничка кандидатура на Правниот факултет „Јустинијан Први“ од УКИМ и Правниот факултет при УКЛО за организација на EUROCRIM 2027, одобрена од страна на Европското здружение за криминологија. (Ректорат на УКЛО/12:00)
Скопје - Претседателот на „Солуција“, Никола Димитров, претседателката на Здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри, Гордана Бешлиовска и Нико Беќаровски, лекар и универзитетски професор ќе одржат средба со новинари околу иницијативата за измени во Законот за здравствена заштита. („Public Room”, ул. 50-та дивизија 22/12:00)
Скопје - Јавна трибина насловена „Гимназиското образование - Предизвици и Перспективи“, во организација на Прогрес Институт за социјална демократија. (Културно социјален простор - ЈАДРО/18:00)
Скопје - Трибина за комуникациски вештини по принципите на Дејл Карнеги, под менторство на комуникацискиот консултант Борче Николовски. („Паблик рум“/19:00)
Скопје - Изложба „Сите деца на Родољуб Анастасов“ на која ќе бидат претставени дела од 42 уметници во чест на одбележувањето на 90 роденден на Родољуб Анастасов. (Музеј на град Скопје/20:00)
___________________________________________________________
***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***