19 август 2025
Скопје - Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски ќе одржи прес-конференција по повод новиот еДМС - Национален електронски систем за управување со документи. (Министерство за дигитална трансформација, ул.„Филип Втори Македонски“ бр. 11, 4 спрат/10:00, пристигнување на медиумите/9:45)
Скопје - Потпишување Меморандум за соработка меѓу Министерството за култура и туризам и Германскиот археолошки институт од Берлин. (Археолошки локалитет Скупи/10:00)
Скопје - Јавна дискусија за просторот во урбаниот опфат на Генералниот урбанистички план на град Скопје за територијата на Општина Кисела Вода и на Општина Аеродром. (Сала на Советот на Град Скопје, барака број 13/9:00)
Битола - Патувачки Караван „Информирани граѓани за ЕУ“. (Плоштад Магнолија/10:00)
Струга - Промоција на стихозбирката „Второ детство“ од Емануела Ковачевска Китановска. (Центар за култура „Браќа Миладиновци“/20:00)
__________________________________________________________
***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***