• сабота, 11 мај 2024
МИА Најави МКД

23 јуни 2023 

Скопје - Претседателот Стево Пендаровски ќе одликува пет истакнати спортисти, великани и легенди со „Медал за заслуги за Република Северна Македонија“. (Кабинет на претседателот/ 10:00, пристигнување на медиумите/ 9:20)  

Скопје - Претседателот на Собранието, Талат Џафери и шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Килијан Вал ќе присуствуваат на конференцијата „Унапредување на родовата еднаквост во парламентите“ во организација на Клубот на пратенички на Собранието и Мисијата на ОБСЕ во Скопје. (х „Александар Палас“/ 9:30, не се предвидени изјави)

Старо Нагоричане - Премиерот Димитар Ковачевски заедно со министерот за транспорт и врски Благој Бочварски ќе ја посетат компанијата за производство на фина картонска амбалажа „Еврос Комерц“. (линк до локација /13:00)

Кавадарци - „Отворен Кабинет” на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. (ОВР Кавадарци/ 9:30, посета на Регионалниот Центар за гранични работи Југ/ 13:00, изјава за медиуми/12:00, можност за инсерти во објектот на РЦ Југ/ 13:00)

Скопје - ТАВ Македонија организира настан по повод пречекување на првиот лет од Осло на Norwegian на Меѓународниот аеродром Скопје. (пристигнување на медиумите/08:30, слетување на првиот авион на Norwegian од Осло/09:40, обраќање на генерален директор на ТАВ Македонија, Неџат Курт, претставник на авиокомпанијата Norwegian и министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски/09:55)

 Дебар - Заменик министерката за земјоделство, шумарство и водостопанство, Вјолца Бериша, заменик министерката за животна средина и просторно планирање, Христина Оџаклиеска и директорот во Северна Македонија на CNVP, Нехар Рамадани ќе се обратат на настан по повод започнувањето на проектот „Интегрирано управување со шумите долж сливот на реката Дрим“. (Дебарски Бањи Цапа, Косоврасти/ 12:00)

Скопје -  Коалиција „Менуваме“ на средба со министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска (Министерство за труд и социјална политика/ 13:30)

Скопје - Државната комисија за спречување на корупцијата ќе одржи прес-конференција. (Простории на ДКСК, сала на втори кат/12:00)

Скопје - Издавачката куќа „Готен“ во рамки на проектот „Превод во движење“ организира работилница за книжевен превод „Преводот како движење меѓу културите“. (Кафе-книжарница Буква)

Ресен - Фестивал Запознај ја Преспа: културен спој на раскрсницата на три нации во организација на Здружението Преспа ГРАД, с. Љубојно“, DMO Destination management organization Korcha, Prespa Tourism Association Lemos и општина Ресен. (село Брајчино)

Скопје - Концертна промоција на албум за Шарла насловен како ,,Работ на акција'' на кантавторката Димитра. (Летна тераса на кафе-книжарницата Буква/ 21:00)

Скопје - Интерактивен концерт насловен „Под летното небо со нашите ѕвезди Стела и Сани“. (Градски парк, Школка/ 18:00)

Скопје - Двојна изведба на ремек-делото „Ана Каренина“, балетска претстава во два чина со одбрана музика од Петар Илич Чајковски. (НОБ/ 20:00)

_________________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

 

Тагови

Остани поврзан