
14 април 2025
Скопје - Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата ќе одржи Јавна расправа за кандидатите кои ги исполнуваат условите по Одлуката за објавување на Јавен конкурс за именување на членови на Програмскиот совет на Македонската радио-телевизија. (Сала „Борис Трајковски“/12:00)
Скопје - Седница на собраниската Комисија за европски прашања - Сала 6 (10:30)
Скопје - Седница на собраниската Комисија за одбрана и безбедност - Сала 5 (11:00)
Скопје - Седница на собраниската Комисија за економски прашања, труд и енергетска политика - Сала 4 (11:00)
Скопје - Седница на собраниската Комисија за надзор над спроведување на мерките за следење на комуникациите - Сала 6 (12:00)
Скопје - Седница на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата - Сала „Борис Трајковски“. (12:00)
Скопје - Седница на собраниската Комисија за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање - Сала 6. (13:30)
Скопје - Седница на собраниската Законодавно правна комисија - Сала 6. (14:00)
Скопје - Прес-конференција на пратеникот Сашко Јанчев од Левица. (Прес-центар во Собрание на РСМ/11:00)
Скопје - Министерот за култура и туризам Зоран Љутков и ректорката на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје, Биљана Ангелова, ќе потпишат Меморандум за соработка. (простории на Ректорат/12:00)
Скопје - Заменик-министерката за европски прашања Викторија Трајков ќе учествува на настанот „Економско зајакнување на жените Ромки“, што го организира Институт Ромалитико, во соработка со Министерство за социјална политика, демографија и млади. (Клуб на пратеници/10:00)
Скопје - Настан по повод Ден на Царинската управа - 14 Април, на кој ќе се обрати директорот на Царината Бобан Николовски. (Царинска управа/11:00)
Скопје - Промоција на првиот македонски AI (ВИ) агент, Умниверзум, во организација на Бреинстер. (На големата сцена на Театар Комедија/18:30)
Скопје - Прес-конференцијата по повод јубилејните концерти во Скопје на гитаристот и композитор Влатко Стефановски, со кои ќе одбележи 50 години поминати на концертната сцена. (Аудиокултура/13:00)
Скопје - Независниот театар „Златен Елец“ од Скопје на сцената од Младинскиот културен центар во Скопје ќе ја изведе претставата „Хинкеман“ од Ернст Толер во режија и адаптација на Тамара Стојаноска. (20:00)
_________________________________________________________
***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***