• вторник, 07 мај 2024
МИА Најави МКД

21 февруари 2024 

Скопје - Седница на Законодавно правна комисија. (Сала 4/11:00)

Скопје - Посета на германската амбасадорка, Н.Е. Петра Дрекслер и ИПС стипендистите во Бундестагот. (Сала на Влада)

- Средба на претседателот на Собранието, Јован Митрески, со германската амбасадорка, Н.Е. Петра Дрекслер. (12:00 - 12:30)

- Средба на претседателот на Собранието, Јован Митрески, со ИПС стипендистите во Бундестагот (12:30 - 13:00)

Скопје - Зорица Павловиќ, член на Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија, ќе даде свечена изјава пред претседателот на Собранието, Јован Митрески. (Охридска сала/13:30)

Скопје - Премиерот Талат Џафери ќе ја посети градинката „Фатосат” (12:30) и Основното училиште „Абдил Фрашери“ во општина Арачиново (13:00). (линк до локација градинка „Фатосат” https://www.google.com/maps/place/42%C2%B001'23.0%22N+21%C2%B033'04.3%22E/@42.0230556,21.5511944,17z/data=!3m1!4b1!4m4!3m3!8m2!3d42.0230556!4d21.5511944?hl=mk&entry=ttu,  линк до локација ОУ„Абдил Фрашери“ https://www.google.com/maps/place/42%C2%B001'26.4%22N+21%C2%B033'36.7%22E/@42.024,21.5601944,17z/data=!3m1!4b1!4m4!3m3!8m2!3d42.024!4d21.5601944?hl=mk&entry=ttu, изјави за медиумите по посетата на градинката)

Скопје - Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, градоначалникот на Општина Центар, Горан Герсимовски и претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски ќе присуствуваат на почетокот на градежните работи на објектот Унивеерзална сала. (Пред Универзална сала/11:00)

Скопје - Дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев, ќе го посети Центарот за обука во Идризово. (9:00)

Штип - Дополнителната министерка за финансии, Елена Петрова ќе ја посети Општина Штип.  

-Изјава за медиуми по повод средба со бизнис заедницата. (х."Оаза"/11:15) 

-Настан во гимназијата „Славчо Стојменски“ по повод Интернационалниот ден на мајчиниот јазик Насловен „Јазикот и калиграфијата“. (12:00)

Скопје - Претседателот на Комората на трговски друштва за геодетски работи Никола Рибароски ќе даде изјава за медиумите по повод објавите за драстично зголемување на цените на катастарските услуги. (Стопанска комора на Северна Македонија, сала 53, 4-ти кат/11:00)

Скопје - Завршна конференција и дебата на која ќе бидат претставени резултатите од проектот „Неискористена експертиза (Untapped Expertise), во организација на Институтот ПРЕСПА. (МНР, амфитеатар/14:00, изјави за медиуми по завршување на настанот)

Скопје - Министерот за труд и социјална политика Ѓоко Велковски и градоначалникот Дарко Костовски ќе извршат увид во градежните активности за изградба на детска градинка во општина Бутел. (10:30)

Скопје - Манифестација по повод одбележувањето на Меѓународниот ден на мајчиниот јазик во организација на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“. (Амфитеатар на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“/12:00)

Скопје - Аналитика тинк-тенк ќе одржи настан „Зајакнување на младите: справување со сајбер безбедноста и сајбер-насилството". (х.„Хилтон“/11:00, изјави за медиуми/10:45-10:55)

Скопје - Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје организира „Македонистички час“ на Лекторатите по македонистика на странските универзитети во светот. 

Скопје - ХОПС - Опции за здрав живот Скопје, во рамки на проектот „Млади за млади, заедно да работат“ ќе одржи прес- конференција и тркалезна маса за промоција на извештајот за безбедноста на младите во ноќниот живот. (Простории на Јавна Соба/10:30)

Скопје - Конференција „Сите во акција за справување со врсничко насилство“ во организација на Здружението на граѓани РУБИКОН Скопје. (Меморијален центар на Холокаустот/11:00) 

Скопје - Изведба на балетската претстава „Дамата со камелии“ од Џузепе Верди. (Национална опера и балет/20:00)

_______________________________________________________________________________________________

МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини

Остани поврзан