• среда, 01 мај 2024
МИА Најави МКД

7 мај 2023

Скопје - Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, државниот секретар при МВР Магдалена Несторовска, директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски и заменик директорот на БЈБ Ариф Асани, Здружението на бранителите, семејствата на загинатите припадници на МВР и претставници на Македонскиот полициски синдикат ќе положат свежо цвеќе пред Споменикот на загинатите припадници на МВР. (Круг на МВР/9:00, пристигнување на медиумите/8:30)

Охрид - Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и претседателот на ИНТЕРПОЛ, генерал мајор Ахмед Насер Ал-Раиси ќе се обратат на централната манифестација по повод одбележување на Денот на македонската полиција - 7 Мај. (Долни Сарај-Охрид/18:00; пристигнување на медиумите до 17:00 часот)

Скопје - Одржување на „Беломорски Видувања" по повод одбележување 75 години од егзодусот на Македонците од Егејскиот дел на Македонија. (ресторан Градина/11:00)

Скопје - Улична трка во организација на Сојузот на спортови на Скопје во соработка со А.К. Работнички и Триатлон федерација на Македонија. (Бул.„Илинден“ кај фонтаната „Лотос“/9:00)

 

_________________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан