• вторник, 07 мај 2024
МИА Најави МКД

МИА Најави МКД

25 октомври 2023 

Скопје – Интерпартиската парламентарна група за поддршка на правата на Ромите, нивна инклузија и интеграција во Република Северна Македонија ќе оствари редовна работна средба со невладините организации. (Собрание на Република Северна Македонија, Сала 6/ 13:30)

Скопје – Премиерот Димитар Ковачевски ќе се обрати на отворањето на новиот објект за форензички испитувања на Министерството за внатрешни работи. (нова зграда на Одделот за форензички испитувања, во кругот на МВР/ 10:30, медиумските екипи да пристигнат во 10:15)

Брисел – Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ престојува во Брисел каде ќе учествува на Глобал гејтавеј форум (Global Gateway Forum), во организација на Европската Унија.

Скопје – Erste Investors Breakfast, настан во организација на Шпаркасе Банка, на кој се обратат министерот за финансии Фатмир Бесими, Нина Неданоска, заменик-претседател на УО на Шпаркасе Банка – АД Скопје и Анита Ангеловска Бежоска, гувернер на НБРСМ. (х. „Мериот“/ 9:00)

Скопје – Министерот за економија Крешник Бектеши ќе се обрати на Инаугуративната конференција на Македонското здружение за обновливи извори на енергија (МАРЕС). (х. „Хилтон“/ 9:00)

Скопје – Министерот за економија Крешник Бектеши ќе се обрати на бизнис настанот SUBEX - Suppliers Balkan Expo во организација на Делегацијата на германската стопанска комора на Северна Македонија. (х. „Хилтон“/ 10:00, изјави за медиумите се предвидени во 10:30)

Скопје – Министерката за труд и социјална политика ќе се обрати на настанот по повод Европската недела на безбедност и здравје при работа. (х. „Александар Палас“/ 10:00)

Чашка – Министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска ќе присуствува на официјалното отворање на Центарот за дневен престој за лица со попреченост во Општина Чашка. (ул. „Коста Рацин“ бб, Чашка/ 13:00)

Скопје – Седница на Уставен суд. (9:30)

Скопје – Завршна конференција на проектот „Со локални совети за превенција кон подобрена соработка“ на која ќе се разговара за значењето на локалните совети за превенција (ЛСП) како механизми за решавање на локалните предизвици во општините во организација на Евротинк-Центарот за европски стратегии. (х. „Александар Палас“/ 11:00)

Скопје – Јавна дебата: „Последиците од економската криза и кои се очекувањата за следната година“ во организација на Асоцијацијата за демократски иницијативи (АДИ) од Гостивар и Пулсот на демократијата со поддршка на Civica Mobilitas. (х. „Солун“/ 10:30)

Скопје – Регионална конференција за младински политики и конструктивни наративи на локално ниво „Младински соседски дијалози: Сега за иднината!“. (Јавна соба/ 10:00)

Скопје – По повод Европскиот ден на правдата - 25 Октомври, Адвокатската комора на Република Северна Македонија (АКРСМ) организира отворен ден за граѓаните. (во просториите на Адвокатската комора, на ул. „Руди Чајевец“ бр. 1, лок 15/ 10:00 – 13:00)

Скопје – Меѓународна конференција „Креирај го твоето место за растење“, во организација на Центарот за семејно и детско згрижување (КМОП Скопје). (х. „Холидеј Ин“/ 9:00 – 14:15)

Скопје – Прес-конференција на претставници на Алтернтива, Движење Беса и Демократско Движење. (Зона Визбегово, во близина на бензинската пумпа Макпетрол од десната страна на патот што води кон границата на Блаце/ 12:00)

Скопје – Промоција на книгата „Просто и строго – Конески“ од Иван Антоновски по повод 30 години од физичкото заминување на великанот. (во книжарницата на „Матица македонска“, на Булеварот на книгите – „Св. Климент Охридски“/ 18:00)

Скопје – Промоција на книгата „Транскултурни разногласија: Избрани критики и есеи“ од Анастасија Ѓурчинова. (во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“/ 12:00)

Скопје – Интергалактичка промоција на новата книга „Цепај сине“ од авторот на бестселери Зоран Спасов - Ѕоф. (во „Станица 26“/ 20:00)

Скопје – Во рамки на „Златна лира 2023“ концерт ќе одржат Ристо Ѓоревски, кларинет и Елена Атанасовска Ивановска, пијано. (Музеј на македонската борба/ 20:00)

Скопје – Камерен концерт на пијано трио „30 прсти“. (Камерна сала на Филхармонија/ 20:00)

Лондон – По повод јубилејот – 30 години билатерални односи меѓу Македонија и Велика Британија, Дино Имери ќе одржи концерт во Лондон, каде ќе настапи како солист на пијано, но и заедно со хрватскиот пијанист Ведран Јањанин. (во Кралскиот колеџ за музика (Royal College of Music)

Прилеп – Промоција на најновиот македонски филм „Лена и Владимир“. (кино „Мис Стон“/ 19:30)

Врање – На овогодинешниот XLII Интернационален театарски фестивал „Борини позоришни дани“ МНТ ќе учествува со претставата „Народен непријател“.

Скопје – Годишна изложба на студентите од насоката индустриски дизајн. (во новата зграда на Факултетот за механичко инженерство, кат 3, локација: https://maps.app.goo.gl/F8nUQ7UemW1Fp3tQ6/   18:00) 

Охрид – Отворање на изложба на Христијан Томаноски. (Изложбен салон на НУЦК „Григор Прличев“/ 19:00)

Денови на медиумска писменост – програма:

Скопје – Онлајн дебата „Медиумите на заедницата и плуристичката демократија“. (Институт РЕСИС/ 10:00)

Скопје – Отворање мултимедијална изложба „Стаклена соба: Дигиталниот свет – стапица за вашите лични податоци“. (Europe House/ 13:00)

__________________________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

 

Остани поврзан