МИА Најави МКД
- 16 септември 2023
16 септември 2023
Скопје - Премиерот Димитар Ковачевски ќе се обрати на настан по повод сто години македонска авијација, во организација на Аероклубот Скопје. (Спортски аеродром Стенковец/11:00)
Гевгелија - Саем за промовирање на локалниот развој – ЛАГ Експо 2023. (Плато пред и во големата сала на Народниот театар/12:00)
Скопје - Целодневна интерпретациска обука „Наследството како основа за одржлив развој на културниот и природниот туризам“ во организација на Центарот за научно истражување и промоција на културата – ХАЕМУС и Јуроп хаус Скопје. (Јуроп хаус Скопје/9:00)
Кичево - Промотивен настан во рамки на кампањата за промоција на Бесплатна правна помош на Министерството за правда, поддржани од Европската Унија и Советот на Европа. (Пред градскиот пазар/9:30)
Скопје - Меѓународен детски фолклорен фестивал „Оро без граници“ во организација на Детскиот културен центар „Карпош“. (Градски Парк, Школка/19:00)
Скопје - Младинско кино на ЕУ Green Deal по повод одбележување на Европската недела на мобилност, која се одржува на тема „Заштедете енергија“. https://www.euyc.green/mk
Скопје - Изведба на обновената опера „Лидија од Македонија“ од Ристо Аврамовски. (Национална опера и балет/20:00)
Скопје - Концерт „Златни години“ на Владо Јаневски. (Филхармонија)
Скопје - Промоција на тематска платформа на Либерално-Демократска партија „Секој е важен“. (МНТ / 11:45, изјава за медиуми 13:15)
__________________________________________________________
***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***