14 јануари 2020
Скопје - Собранието на Република Северна Македонија ќе ја одржи 130 седница. (Сала „Македонија“/11:00)
Скопје - Седница на собраниската Комисија за одбрана и безбедност. (Сала 4/10:00)
Скопје - Седница на собраниската Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања. (Сала 6/10:00)
Скопје - Седница на собраниската Комисија за транспорт, врски и екологија. (Сала „Борис Трајковски“/10:00)
Скопје - Собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците ќе ги одржи 101. и 100. седница. (Сала 10 / 10:30/ 11:00)
Скопје - Седница на собраниската Законодавно-правна комисија. (Сала 4/10:30)
Скопје - Владата на Република Северна Македонија ќе одржи редовна седница. (12:00/ сниматели и фоторепортери ќе имаат можност во првите 10 минути да снимат видеоинсерти и да направат фотографии; треба да пристигнат во Медија-центарот најдоцна до 11:55)
Скопје - Прес-конференција на премиерот Оливер Спасовски. (Влада, Медија-центар/ 10:00)
Тирана - Министерот за економија Крешник Бектеши ќе учествува на Регионалниот самит за туризам „Туризам за солидарност и одржливост“, што се одржува во организација на Министерството за туризам и животна средина на Албанија и на Светската туристичка организација на ОН.
Скопје - Министерот без ресор задолжен за имплементација на Стратегијата за подобрување на состојбата на Ромите, Музафер Бајрам ќе одржи прес-конференција на тема „Реализирани активности во 2019 во рамки имплементацијата на Стратегијата за Роми 2014-2020“. (Влада, Медија-центар /11:00)
Брисел - Началникот на Генералштабот на АРМ, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски ќе учествува на 182-то заседание на воениот комитет (ВК) на НАТО, во формат на началници на генералштабови.
Скопје - Директорот на Агенција за храна и ветеринарство Зоран Атанасов ќе одржи брифинг со новинарите на кој ќе информира за актуелни теми од работењето на Агенцијата. (Агенција за храна и ветеринарство, голема сала/10:00)
Скопје - Мрежа за доживотно учење (МДУ) ќе одржи средба со новинари на која ќе информира за проектот „Инклузивно лизгање на мраз за сите” во кој ќе бидат опфатени 40 млади лица со оштетен вид од Македонија, Косово, Романија и Турција. (Лизгалиште СРЦ „Борис Трајковски/11:30)
Скопје - Архиерејска литургија на св.Василиј Велики и молебен по повод Новото лето Господово. Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан ќе богослужи во црквата „Свети Илија“ во населбата Аеродром. (9:00)
Скопје - Прес-конференција на Турски-театар-Скопје за премиера на претставата за деца „Девојчето со кибритчиња“ од Ханс Кристијан Андерсен во режија на Емине Халил. (Театар Комедија / 11:00)
__________________________________________________________________________________
***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***