• петок, 20 декември 2024
МИА Најави МКД

19 мај 2023 

Скопје -  Собранието на Р. Северна Македонија ќе одржи  продолжение на 115-тата седница. (Сала „Македонија“/15:00)

Скопје - Седница на собраниската Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство. (Сала 6/11:00)

Скопје - Седница на собраниската Комисија за европски прашања. (Сала „Борис Трајковски“/11:00)

Скопје - Премиерот Димитар Ковачевски ќе одржи редовна средба со лидерите на владината коалција. (Клуб на пратеници/12:00, изјави за медиуми по средбата)

Скопје - Работната група за подготвување на предлог иницијативата за потребата од измени на Уставот ќе одржи седница. (Влада/10:00, изјава за медиуми по завршување на седницата ќе даде претседателката на работната група, Маргарита Цаца Николовска)

Скопје - Министерот за економија Крешник Бектеши ќе се обрати на настан по повод одбележување на Денот на метрологијата 20 мај. (Рагуза 360/11:00)

Тетово - Министерот за економија Крешник Бектеши ќе се обрати на настан по повод почеток со работа на фабрика за производство на бакарни жици, Мулти Парк Изаири во село Камењанје. (Фабрика Мулти Изаири, https://maps.app.goo.gl/ciAkyEXr6t2aAUZ57/15:00)

Скопје - Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, Милош Миловановиќ, претставник на Светската организација за храна и земјоделство при ОН, Немања Гргиќ, претставник на Европската банка за реконструкција и развој (ЕБРД),и Светозар Јаневски, претседател на здружението „Вина од Македонија“ ќе се обратат на  првото издание на Симпозиумот „Балкански вина“. (Простории на М6 Едукативен центар/11:00)

Скопје - Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски ќе има обраќање и ќе додели договорите за одржување на локални манифаестации, саеми и фестивали. (х.„Континентал“/12:30)

Скопје - Државниот секретар на Министерството за надворешни работи, Филип Тосевски и Аугуста Филибин од Амбасадата на САД во Скопје ќе се обратат на конференцијата за стратешки комуникации, насловена „Медиумска писменост и справување со дезинформации-подготвеноста на институциите за одбрана од хибридни влијаниа”. (Министерство за надворешни работи/10:00)

Скопје - Заменик на началникот на Генералштабот, генерал-мајор Азим Нуредин, заменик на министерот за одбрана, Тирон Јајага, претставници од Министерството за одбрана и Генералштабот ќе присуствуваат на одбележувањето  на Денот на Логистичката база на Армијата на Република Северна Македонија. (Касарна „Илинден”/11:00, пристигнување на медиумите пред пријавницата на касарната Илинден/10:40)

Скопје - Комисијата за спречување и заштита од дискриминација ќе одржи презентација на Годишниот извештај за работата за 2022 година. (х.„Холидеј Ин“, сала Милениум 2/10:00, изјави за медиумите/9:40)

Скопје - Амбасадата на Република Словенија и Земјоделскиот Институт-Скопје, Општина Гази Баба и Организацијата за храна и земјоделство при Обединетите нации (ФАО) ќе го одбележат Светскиот ден на пчелата 2023 година. (Земјоделски Институт-Скопје, ул.16та Македонска бригада бр.3А/11:00)

Скопје - Претседателка на Државната комисија за спречување на корупција, Билјана Ивановска и директорката на ОУ „Коле Неделковски”, Светлана Масларевска ќе се обратат на предавањето во рамки на промотивната кампања за борба против корупцијата „Бидете херои на чесноста“. (ОУ „Коле Неделковски”, ул. „Антонио Грубишиќ“ бр. 8, Општина Центар, изјави за медиуми/9:45)

Скопје - Здружението на лекари по општа семејна медицина на Република Македонија ќе одржи прес-конференција по повод одбележувањето на Денот на семејните лекари во склоп на 5.Конгрес и 25. Симпозиум на Здружението на лекари по општа - семејна медицина. (Пред х.„Хилтон“/13:30)

Скопје - Хелсиншкиот комитет за човекови права по повод Светскиот ден на културните различности ќе одржи настан „Турлитава – заедно е послатко“. (Парк на франкофонијата-Мобилна галерија/16:00)

Скопје - Манифестација „Матурска парада“ во организација на Дирекција за култура и уметност на Скопје во соработка со Танцов спортски клуб „Ритам плус“. (Плоштад „Македонија“/12:00)

Скопје - Манифестација Денови на бошњачка култура во реализација на уметници и културни дејци од збратимените градови Скопје, Истанбул и Сараево, како и Нови Пазар во организација на Културниот центар на Бошњаците на Северна Македонија. (Стара скопска чаршија-Куршумли Ан/18:00)

Скопје - Промоција на монографијата посветена на животот и творештвото на скулпторот Анета Светиева. (Даут пашин амам/12:00)

Скопје - Седмо издание на уличниот уметнички фестивал за живи статуи „Статуафест“ под мотото „Голема брзина на стоењето“. (ул.„Македонија“/18:30)

Скопје - Промоција на романот „Увозникот на бели ноќи“ од Трајче Кацаров. (МКЦ Матица Ексклузив/12:00)

Битола - Изложба - Корча „Во наследство“ од авторот Спартак Касули. (Магаза/12:00)

Скопје - Отворање на изложбата „Мазал Тов“ - Еврејските свадби во Македонија меѓу двете светски војни низ фотографии, документи и предмети во организација на Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија. (Меморијален центар на холокаустот на Евреите од Македонија (службен влез), втор спрат/19:00)

Скопје - Отворање на изложбата насловена „Вкрстени избори“ на Тања Балаќ. (Национална галерија на Македонија, објект „Чифте амам“/20:00)

Гостивар - Премиера на „Чорба од канаринец“ од авторот Милош Радовиќ. (НУ „Гостиварски театар“/20:00) 

_________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан