• недела, 21 јули 2024
МИА Најави МКД

12 јуни 2024

Скопје - Министерот за надворешни работи, Бујар Османи ќе одржи тематска прес-конференција во врска со Состанокот на Министрите за надворешни работи што ќе се одржи на 13 јуни во Скопје, во рамки на нашето едногодишно претседавање со Процесот за соработка на Југоисточна Европа (ПСЈИЕ), кое се заокружува на 30 јуни 2024 година. (МНР/13:00)

 Скопје - Шеста седница на Генералното собрание на Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС). (х.„Александар Палас“, Сала 2/12:00; предвидени се изјави за медиумите на претседателот на ЗЕЛС Орце Ѓорѓиевски и мандатарот за составување на идната Влада Христијан Мицкоски на самиот почетокт на седницата)

Скопје - Државната комисија за спречување на корупцијата ќе го одржи продолжението на шестата седница. (https://zoom.us/j/98556480354?pwd=ya0BPot9czOdaEJy8TeQoqQAH84ZRO.1 /10:00)

Скопје - Прес-конференција на Стопанската комора на Северна Македонија на тема „Новиот план за раст за Западен Балкан – можности за активирање на економскиот потенцијал на регионот“. (Стопанска комора, сала 3 на 3 кат/11:00)

Скопје - Панел за италијанско-македонските дипломатски односи и за соработката меѓу двете земји во областа на образованието. (Europe House Skopje/12:00)

Скопје - Македонскиот институт за медиуми (МИМ) го организира настанот „Ефикасни практики за известување за климатските промени и животната средина“. (Простории на МИМ, ул. Јуриј Гагарин 17-1/1 - Скопје/ 11:00 до 12:30)

Скопје - Промоција на „Македонска љубовна лирика“, во чест на 90-годишнината од раѓањето на Петре М. Андреевски. (во Паркот на книгите на „Матица ексклузив“/19:00)

Скопје - Доделување на наградата „Шампион на регионалната соработка“. (Музеј на современа уметност/19:30)

Скопје - Изложба на фотографии и панел-дискусија „Украина: Воено злосторство“. (Мала станица – Национална галерија/ 19:00)

Битола - Вториот концерт од концертната турнеја со наслов „Танго приказна“. (во Офицерскиот Дом - Битола/20:00)

Скопје - Децениско издание на „Виолин Фест“. (Камерна сала на Македонската филхармонија/20:00)

Скопје - Филмска вечер пред платото на Трговскиот центар Рамстор Мол. (19:00)

Скопје - Јулијана Винцан и нејзиниот бенд „Golden Tina - Tribute To Tina Turner“ ќе настапат на фестивалот „Скопјард“.

_________________________________________________________________ 

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан