• недела, 24 ноември 2024
МИА Најави МКД

13 август 2024 

Скопје - Собранието на Северна Македонија ќе ја одржи 12-тата седница. (Сала „Македонија“/12:00)

Скопје - Седница на собраниската Комисија за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање. (Сала 6/10:00)

Скопје - Седница на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата. (Сала „Борис Трајковски“/10:00)

Скопје - Седница на собраниската Комисија за култура и туризам. (Сала 5/10:00)

Скопје - Седница на собраниската Комисија за образование, наука и спорт. (Сала 4/10:20)

Скопје - Седница на собраниската Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство. (Сала 4/11:00)

Скопје - Претседателката на државата и врховен командант на Армијата, Гордана Сиљановска-Давкова, министерот за одбрана Владо Мисајловски и деканот на Воената академија, полковник Митко Богдановски, ќе се обратат на свеченост по повод промоција на офицери и подофицери. (Воена академија „Генерал Михаило Апостолски“  населба Аеродром/9:00, пристигнување на медиумите /8:35)

Скопје -  Свечена седница на Владата по повод 23 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, на која ќе се обратат премиерот Христијан Мицкоски и Изет Меџити, прв заменик-претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање. (Влада на РСМ, свечена сала/13:00, во живо на Фејсбук и Јутуб каналот на Владата, сниматели и фоторепортери)

Скопје - Панел дискусија на тема „23 години од Рамковниот договор, децентрализацијата останува предизвик". (Клуб на пратеници/10:00)

Скопје - Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити ќе приреди свечен прием по повод одбележување на Охридскиот рамковен договор. (Музеј на современа уметност / 19:00)

Скопје - Прес-конференција на директорот на Царинска управа, Бобан Николовски, за спречен меѓународен канал на нелегална трговија, на која изјава ќе даде и министерот за спорт, Борко Ристовски. (Меѓународен аеродром Скопје, царински склад на ТАВ на карго центар блиску до стариот Аеродром Скопје/11:40, пристигнување на медиумите/11:30)

Скопје - Европскиот фронт по повод 23-годишнината од Охридскиот мировен договор организира Академија за легитимитет. (х.„Александар палас“/12:00)

_________________________________________________________ 

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

 

Остани поврзан