2 август 2025
Крушево - Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод чествувањето на големиот празник 2 Август - Ден на Републиката - Илинден ќе положи цвеќе на гробот на Никола Карев („Македониум“/9:30) и на споменикот на хероите на месноста „Слива“ (10:00), ќе присуствува на панихида во храмот „Св. Никола“ (10:30) и ќе се обрати на централната прослава на „Мечкин Камен“. (12:00)
Скопје - Премиерот Христијан Мицкоски по повод 2 Август - Ден на Републиката - Илинден ќе положи цвеќе на споменикот на претседателот на Крушевската Република Никола Карев (10:00), на споменикот на АСНОМ (парк „Жена Борец“/10:20) и на споменикот на првиот претседател на Президиумот на АСНОМ Методија Андонов - Ченто. (плоштад „Македонија“/10:40, предвидена е изјава за медиуми на премиерот Мицкоски)
Куманово - Потпретседателката на Собранието Весна Бендевска и собраниска делегација во состав: Бране Петрушевски, Никола Коњановски, Даниела Николова и Даниел Стојчевски ќе присуствуваат на одбележување 81 година од Првото заседание на АСНОМ во Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце. (интонирање на химната/11:00, положување цвеќе/11:05, изјава за медиумите на потпретседателката на Собранието Бендевска/11:40)
Прохор Пчински - Државна делегација предводена од потпретседателката на Собранието Весна Бендевска ќе го одбележи 2 Август - Илинден во манастирот „Св. Прохор Пчински“. (Пречек и положување цвеќе/12:15, посета на црквата и манастирот „Св. Прохор Пчински“/12:30)
Скопје - Собраниска делегација предводена од потпретседателот Антонијо Милошоски, во состав: Бети Стаменкоска-Трајкоска, Славјанка Петровска, Бобан Карапејовски и Малиша Станковиќ ќе положи цвеќе пред споменикот на Никола Карев пред Собранието (10:00), на Споменикот на АСНОМ во паркот „Жена борец“ (10:20) и на Споменикот на Методија Андонов-Ченто. (Плоштад „Македонија“/ 10:40)
Крушево - Собраниска делегација во состав: Биљана Кузманоска и Митко Трајчулески ќе положи цвеќе на гробот на Никола Карев (Македониум/9:30) и на Споменикот „На хероите на Слива“ (10:00), ќе присуствува на панихида во храмот „Свети Никола“ (10:30) и на централната манифестација на „Мечкин Камен“. (12:00)
Струга - Партиска делегацијата предводена од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, во состав: претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Струга и заменик-министерот за правда Ален Деребан и пратеникот Јован Јаулески ќе положат цвеќе во Ташмаруништа.
Крушево - Претседателот на СДСМ Венко Филипче, потпретседателката на СДСМ Кристина Костова и пратеничката од СДСМ Бисера Костадиновска Стојчевска ќе присуствуваат на одбележување на празникот 2 Август - Ден на Републиката - Илинден. (Во центарот на Крушево, во близина на храмот „Свети Никола“/9:00, изјава за медиуми на Венко Филипче)
-Делегацијата предводена од претседателот на СДСМ Венко Филипче ќе положи цвеќе на гробот на Никола Карев во Крушево (9:30), на Спомениот на хероите на месноста „Слива“ (10:00), ќе присутвува на панихида за паднатите херои (храм „Свети Никола“/10:30) и ќе положи цвеќе на Мечкин Камен. (12:00)
Скопје - Партиска делегација од ВМРО-ДПМНЕ предводена од градоначалникот на Општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски и во состав: градоначалник на Општина Ѓорче Петров Александар Стојковски и пратеничката Катерина Димитровска ќе положат цвеќе пред споменикот на претседателот на Крушевската Република Никола Карев (10:00), пред споменикот на АСНОМ (парк „Жена Борец“/10:20) и пред споменикот на првиот претседател на Президиумот на АСНОМ Методија Андонов-Ченто. (плоштад „Македонија“/10:40)
Скопје - Делегација предводена од потпретседателката на СДСМ, Каја Шукова, заедно со Маја Мојсова Мијовска и Оливера Ливриниќ ќе положат цвеќе пред споменикот на Никола Карев (пред Собрание на Северна Македонија/10:00), пред споменикот на АСНОМ (парк „Жена Борец“/10:20) и пред споменикот на Методија Андонов - Ченто. (Плоштад „Македонија“/10:40)
Крушево - Партиска делегација од ВМРО-ДПМНЕ предводена од генералниот секретар Ѓорѓија Сајкоски, а во состав: претседателот на Унијата на млади сили Сергеј Попов, претседателката на Унијата на жени Жаклина Пешевска, членот на ИК Ристо Симеонов и членот на ИК Олга Лозановска ќе положи цвеќе на споменикот на хероите на месноста „Слива“ (10:00) и на Мечкин Камен. (12:00)
Пелинце - Партиска делегација од ВМРО-ДПМНЕ предводена од пратеникот Бране Петрушевски, а во состав: пратеник и член на ИК Миле Лефков и директорот на Државниот студентски дом Скопје Александар Каровски ќе положат цвеќе во Пелинце. (11:00)
Пелинце - Делегацијата предводена од генералниот секретар на СДСМ Александар Саша Димитријевиќ, заедно со организацискиот секретар Мартин Костовски и градоначалникот на Општина Крива Паланка Сашко Митовски ќе положи цвеќе пред Меморијален центар на АСНОМ во Пелинце. (11:00)
Битола - Традиционална семакедонска илинденска и погранична средба на Македонците од Егејскиот дел на Македонија. (Трново/10:30)
Панчево - Македонската заедница во Република Србија ќе го одбележи националниот празник Илинден со централна манифестација во местото Јабука, кај Панчево, во организација на Македонскиот национален совет:
- Литургија на македонски јазик во храмот „Св. Илија“ - во соработка со Македонската православна црква ОА и Банатската епархија. (08:30)
- Свечена седница на Македонскиот национален совет. (ОУ „Гоце Делчев“/10:00)
- Полагање цвеќе на бистата на Гоце Делчев. (Двор на училиштето/11:00)
- Свечено отворање на етно фестивалот „Гравче на тавче“, со учество на македонски здруженија од цела Србија и етно здруженија од Јужен Банат. (11:30)
- Изложба на Детската ликовна колонија и отворање на Илинденскиот шаховски турнир. (12:00)
- Турнир во баскет. (17:00)
- Ревијален фудбалски натпревар: НСМНМ – МЗ Јабука. (19:00)
- Вечерен концерт на летната бина - со учество на културно-уметнички друштва од Војводина и Белград. (20:00)
Teтово - Прес-конференција на Алијанса за Албанците. (Централно седиште во Тетово/11:00)
Охрид - Културна манифестација „Илинденска вечер во Елшани“. (с.Елшани/21:00)
Кочани - Дводневен хуманитарен музички настан „Расплет фестивал“, организиран од млади и бендот „Корка“’ од Кочани. (Споменик на слободата/20:30)
__________________________________________________________
***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***