• петок, 05 декември 2025
МИА Најави МКД

4  јули 2025 

Скопје - Премиерот Христијан Мицкоски ќе се обрати на настан „Демографски трендови, предизвици и можни решенија - Развој на стратешки документи за демографска отпорност“.  (Свечена сала во Владата/11:00)

- изјави за медиуми на министерот за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани и на националниот координатор за демографија, млади и човечки ресурси, Владимир Ѓорчев (пред Свечена сала/10:45) 

Куманово - Mинистерот за внатрешни работи Панче Тошковски ќе го посети граничниот премин „Табановце-Прешево“ со цел пуштање во употреба на One Stop системот за заедничка интегрирана контрола. (14:00, По настанот е планирана изјава за медиумите)  

Скопје - Министерот за локална самоуправа Златко Перински ќе одржи прес-конференција. (Влада, Медија центар/10:30)

Скопје - Министерот за култура и туризам Зоран Љутков ќе одржи прес-конференција. (Влада, Медија центар/12:00)

Скопје - Министерката за образование и наука Весна Јаневска и раководството на Стопанската комора Македонија – Турција (МАТТО) ќе го посетат Државното средно училиште за рехабилитација и образование „Св. Наум Охридски“. (10:00)

Скопје -  Свечено отворање на Амбасадата на Казахстан во Македонија на која ќе се обратат амбасадорот на Казахстан во земјава Сатибалди Буршаков и министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски. (Простории на Амбасадата, ул. „27 Март“ бр. 7/2  / 12:30)

Скопје - Државната комисија за спречување на корупцијата ќе одржи 20-та седница. 
https://zoom.us/j/95969871108?pwd=kmgsjfQMKVFcf3xgWIva2axeqTmbAC.1/11:00)

Скопје - Прес-конференција лидерите на ВЛЕН по повод една година од владеењето. ( х. Холидеј ин / 17:00)

Тетово - Градоначалникот на општина Тетово, Биљал Касами, ќе присуствува на промоција на електрични тротинети. (Градски плоштад/10:30, предвидена е изјава за медиумите)

Скопје - Прес-конференција на Месната заедница „Галичник“ и Пивара Скопје на која ќе бидат претставени младенците и програмата на годинашната Галичка свадба. (Пивара Скопје/10:00, пристигнување на медиумите/9:45)

Белград - Отворање на изложбата „Регенерација“ на авторките Ана Ивановска, Христина Зафировска и Маја Кировска. (КИЦ на Република Северна Македонија во Белград/19:00)

 

________________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан