24 јули 2025
Скопје - Продлженија 60, 62 и 63 седница на Собранието. (11:00)
Скопје - Седница на собраниската Комисија за економски прашања, труд и енергетска политика. (Сала 4/10:00)
Скопје - Седница на собраниската Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство. (Сала 6/10:30)
Скопје - Седница на Законодавно правна комисија. (Сала 5/10:45)
Берлин - Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, ќе престојува во работна посета на Берлин.
Скопје - Потпишување договори за проекти финансирани преку инвестициските програми на Министерството за животна средина и просторно планирање за канализациона мрежа, водовод и програма за води со општините. (Клуб на пратеници/11:00, предвидена е изјава од министерот за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити)
Скопје - Свечено отворање на комплетно реновираниот Центар за обуки на административните службеници на Министерството за јавна администрација. (бул. „Јане Сандански“ бр. 61, Општина Аеродром / 11:00 / изјава на министерот за јавна администрација Горан Минчев / 11:15)
Кичево - ВМРО-ДПМНЕ ќе одржи трибина во општина Кичево на тема „Образование и социјална политика - Ги градиме темелите на промените“ на која говори лидерот на партијата и претседател на Владата Христијан Мицкоски. (19:30)
Скопје - Претседателот на Стопанската комора Бранко Азески ќе има работна средба со Орце Ѓорѓиевски, кандидат за градоначалник на Град Скопје и актуелен претседател на ЗЕЛС и градоначалник на општина Кисела Вода. (Стопанска комора, сала 3 на 3ти кат/12:30 - изјави за медиумите на почетокот на настанот)
Велес - Концерт „Балканско патување“ на Пламенка Трајковска гудачкиот квартет. (Парк на ООУ,,Васил Главинов“/21:00)
___________________________________________________________
***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***