МИА Најави - МКД
- 18 август 2025
18 август 2025
Штип - Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, премиерот Христијан Мицкоски, министерот за одбрана Владо Мисајловски и началникот на генералштабот, генерал-мајор Сашко Лафчиски ќе присуствуваат на одбележување на Денот на Армијата - 18 Август. (Касарна „Јане Сандански“/11:00 )
Демир Хисар - Министерот за култура и туризам Зоран Љутков во работна посета на Општина Демир Хисар каде ќе се сретне со градоначалникот Никола Најдовски (11:00) по што заедно ќе ги посетат Меморијалната соба на Петре М. Андреевски во село Слоештица, Слепченскиот манастир и библиотеката АЛ-БИ во Бабино. (Изјави за медиуми пред Меморијалната соба на Петре М. Андреевски во Слоештица/12:00)
Струга - НУМ „Струшки вечери на поезијата“ на прес - конференција ќе ја претстави годинешната програмска содржина на манифестацијата. (хот. „Дрим“/11:00)
Скопје - Град Скопје во рамки на постапката за изработка на новиот Генерален урбанистички план (ГУП) 2022–2032 година организира Јавна дискусија со цел вклучување на граѓаните во процесот на планирање и уредување на просторот. (Сала на Советот на Град Скопје, барака бр.13, од 10 до 13 часот)
__________________________________________________________
***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***