
24 април 2025
Скопје - Собранието на Р. Северна Македонија ќе ја одржи 45-тата седница. (Сала „Македонија“/11:00)
Скопје - Претседателот на Собранието, Африм Гаши, ќе одржи неформална средба со претставници на медиумите, на која ќе се разговара за тековните и идните активности на Собранието. (Сала на Уставна комисија/10:00)
Скопје - Прес-конференција на министерот за локална самоуправа, Златко Перински за вториот јавен повик за поддршка на инфраструктурни општински проекти. (Медија центар на Влада/11:00)
Скопје - Панел дискусија по повод 30-годишнината од пристапувањето на Австрија, Финска и Шведска во Европската Унија на која воведно обраќање ќе има Бен НУПНАУ, вршител на должност Амбасадор во Делегацијата на Европската Унија. (Јуроп Хаус-Скопје/12:00, изјави за медиумите/11:45, пристигнување на медиумите/11:30)
Скопје - Еврејската заедница во Република Македонија и Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија ќе го одбележат Јом Хашоа – Национален комеморативен ден на холокаустот и херојството во државата Израел. (Меморијален центар на холокаустот на Евреите од Македонија, во некогашното еврејско маало/12:00)
Скопје - Меѓународна конференција „Важноста на географијата во обликувањето на надворешната политика и национална безбедност“ во организација на Дипломатскиот клуб – Скопје и Универзитет Американ Колеџ Скопје (УАКС), во соработка со Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Република Северна Македонија. (Клуб на пратеници, голема сала/10:30)
Скопје - Првата детска амбасада во светот МЕЃАШИ ќе одржи конференцијата на која ќе ги презентира наодите од работата на АлоБушавко - телефонот за деца и млади при Првата детска амбасада во светот - Меѓаши за 2024 година. (Центар за социјални претпријатија/10:00, во живо преку ФБ-страницата на Првата детска амбасада - МЕЃАШИ)
Скопје - Презентација на истражувањето „Родова еднаквост и инклузивност во спортот во Северна Македонија“, спроведено од Силвија Митевска, Бојана Јовановска и Елена Кочоска во рамки на проектот „Фер игра: Поддршка за родова еднаквост во спортските политики“. (Простории на Олимпискиот Комитет на Северна Македонија, во СЦ Јане Сандански, конференциска сала/12:00)
Скопје - Во рамките на проектот „Интеграција на Западен Балкан во единствениот дигитален пазар на ЕУ“ Фондација Метаморфозис организира обука за граѓански организации и медиуми на тема „Импликации од Законот за дигитални услуги на ЕУ на граѓанските организации и истражувачките новинари во Северна Македонија“. (Метаморфозис, ул. Франклин Рузвелт 19, кат 2 – во зградата на Сетек/10:00)
Скопје - Едукативна работилница на „Макпетрол“ против врсничко насилство за родителите од Илинден и Петровец. (ОУ „Гоце Делчев“ во Илинден/18:00)
Битола - Отворен ден на УКЛО-Битола
-Историски час за Македонско научно друштво-Битола (Ректорат/10:00)
-Промоција на доктори на науки (Ректорат/11:00)
-Колаборативна мобилна зона на Широк Сокак (Кино Манаки/13:00)
Скопје - Донација на Спорт Лаиф обложувалници за реновирање на Универзитетската клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“. (ЈЗУ Универзитетската клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“, сала за состаноци/11:00)
Скопје - Промоција на книгата „Мачето Мице“, од авторката Татјана Гаврилова. (МГ кафе бар/19:00)
Скопје - „Црниот лебед симбол на величественост“ изложба на слики од Енеса Мемети. (Културно-информативен центар – Скопје, Салон Империјал 2/19:30)
Љубљана - Отворање на изложба „Ткаење светови: Колекции во разговор“ на 87 дела од колекцијата на Музејот на современата уметност-Скопје. (Модерна Галерија во Љубљана/20:00)
Скопје - Петто издание на Скопскиот поетски фестивал.
-Над небото, под земјата: перформанс/ритуал/поезија/музика. (Кино Фросина/18:30)
-Мирисот на зборовите, отворање на изложба на парфеми дизајнирани од Нихат Оздал,Турција. (Галерија на МКЦ/19:30)
-Од ритам до алгоритам: официјално отворање на 5. СПФ (Кино Фросина/20:00)
-Поетроника (Кино Фросина/21:30)
________________________________________________________________________
***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***