• сабота, 22 јуни 2024
МИА Најави МКД

МИА Најави МКД

30 мај 2024

Скопје – Економски форум: „По бурата: Управување со прехранбената и енергетската стабилност во Западниот Балкан“. (х. „Мериот“/ 11:00, изјави за медиумите на вториот кат пред Ballroom 2/ 10:40)

Скопје – FIRESTARTER24: Меѓународна конференција за искуство на клиенти и вработени, во организација на Македонската асоцијација за искуство на клиенти и вработени (MACEX). (х. „Хилтон“/ 9:00)

Скопје – 22-ри Јавен состанок на Агенцијата за пошти. (х. „Холидеј Ин“/ 11:00)

Скопје – Новинарски појадок и брифинг со тимовите на ЗМАИ и НДИ на кој ќе биде презентирана првата анализа направена во рамки на проектот за „Следење на можна злоупотреба на државните ресурси“, поддржан од НДИ, а финансиран од Националната фондација за демократија (НЕД). (Канцеларија на Националниот институт за демократија (NDI), ул. „Лазар Личеноски“ бр. 13/ 10:30)

Скопје – Трета меѓународна конференција за унапредување на безбедноста во сообраќајот на патиштата во организација на РСБСП. (х. „Холидеј ин“/ 10:00)

Виница – Локална конференција „Виница – Општина посветена на децата, во рамки на проектот „Место за растење: Општини посветени на децата“. (Едукативен центар Прогресив Академија, ул. „Војдан Чернодрински“ бр. 8  – Виница/ 9:30)

Скопје – Втор настан: Зборообразување. (во Паркот на франкофонијата/ 20:00)

Скопје – По повод одбележувањето на Меѓународниот ден на МС, Мобилност Скопје со целосна поддршка од страна на Мобилност Македонија, организира мирен марш за силно поткревање на гласот на лицата со МС, Параплегија и Дистрофија со цел подигнување на јавната свест, борба за остварување на нивните права и создавање кохезија во заедницата за еднакви можности. (собир пред Порта Македонија/ 10:00, маршрута: по улицата „11 Октомври“ кон Собранието на РСМ се до ДХО „Даре Џамбаз“)

Скопје – Прес-конференција по повод почетокот на партнерството меѓу МТЕЛ и Пасворд Продукција. (во просториите на Пасворд Продукција/ 11:30)

Скопје – Прес-конференција на Ертан Шаќири. (во Здружението СОС ВИТА/ 13:30)

Скопје – Промоција на донации – лични фондови на Анте Поповски и на Матеја Матевски. (Музеј на македонската борба/ 19:00)

Скопје – Прес-конференција по повод претстојните концерти на Влатко Стефановски и Мирослав Тадиќ по повод 20 години јубилеј од издавањето на албумот ,,Трета мајка", како и официјална слушачка промоција на винилот ,,Трета мајка". (локација „аудиокултура/ 12:30)

Скопје – Прес-конференција по повод 23. Издание на OFFest. („Буква“/ 13:00)

Скопје – Четврто издание на Скопскиот поетски фестивал под мотото „Борба. Не војна!“. (МКЦ/ 20:00)

Куманово – Втора вечер на „ФИЛМАЈ“ 2024 фестивал на краток филм – Куманово. (Занаетчиски дом – Куманово/ 20:00)

Скопје – Премиера на уметничкото видео „Вештини за оживување“ на авторката Клелија Живковиќ. (КСП Центар Јадро/ 20:00)

Скопје – Изложба на досега неизложувани дела на сликарот Владимир Георгиевски. (Галерија Матица/19:00)

Скопје – Завршна изложба „Поглед кон Порта Европа“. (во „Литература.мк“, во „Скопје сити мол“/ 19:00)

__________________________________________________________ 

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан