• сабота, 14 јуни 2025
МИА Најави МКД

15 мај 2025

Скопје - Претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта во посета на Република Северна Македонија:

- средба со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски. (10:30)

- заедничка прес-конференција на премиерот Мицкоски и претседателот на Европскиот совет. (Медија центар/11:15)

- средба со претседателката Гордана Сиљановска-Давкова. (Кабинет на претседателот/11:40)

Скопје - Претседателот на Собранието Африм Гаши ќе одржи средба со претставници на медиумите. (Сала на Уставна комисија/9:30)

Скопје - Претседателот на Собранието Африм Гаши ќе оствари средба со швајцарската амбасадорка Вероник Улман. (Стар кабинет/15:00)

Скопје - Во Собранието ќе се одржи конференција „Трансформирање на иднината: Дигитална стратегија за современ парламент“. (Сала Борис Трајковски/10:00)

Анталија - Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски ќе учествува на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО.

Скопје - Првиот заменик-претседател на Владата Изет Меџити и градоначалникот на Oпштина Чаир, Висар Ганиу ќе присуствуваат на почеток на реконструкција на водоводниот и канализацискиот систем во населбата Дижонска. (главна улица „Дижонска“, крак на улицата „Халим Халимиќ“,https://maps.app.goo.gl/EUbLe3WEMBbF3k9T6?g_st=aw/12:00)

Скопје - Изјави на министерот за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани и турскиот амбасадор Фатих Улусој по повод Меѓународниот ден на семејството. (Министерство за социјална политика, демографија и млади/11:30)

Скопје - Градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу ќе присуствува на примопредавање на донација со инвалидски колички за Гинеколошката болница „Мајка Тереза“ во Чаир, обезбедена од компанијата Marmaris. (Гинеколошка болница „Мајка Тереза“, Чаир/10:00, предвидена изјава за медиуми)

Скопје - Изјава за медиумите на градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски. (пред Универзитетот Скопје (УТМС) спроти Т.Ц „Лептокарија“ – Карпош 3, на бул. „Партизански одреди“ бр. 99/ 10:00)

Виница - Лидерска конференција на тема „Пристап до финансии за мали и средни претпријатија“ во организација на Фондацијата Прогресив Академија. (Винчини Развоен Центар/11:00, изјави за медиуми/10:50)

Скопје - Отворање на дневниот центар „ГНЕЗДО“ посветен на јакнење на децата и семејствата во социјален ризик. (простории на Центарот, Трета Македонска бригада 10А/17:30)

Скопје - Меѓународен научен собир „Јазикот во медиумите (состојби, предизвици, перспективи)“ во рамките на традиционалната научна манифестација „Денови на Благоја Корубин“. (Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“/10:00) 

Скопје - Панел-дискусија на тема „Потребата од семејна едукација во Република Северна Македонија“, на која ќе биде презентирана истражувачката анализа „Потребите и важноста од семејната едукација кај младите лица“ во организација на Институтот за семејни студии при Филозофскиот факултет – Скопје УКИМ, во соработка со Факултетското студентско собрание. (Филозофски факултет/11:00)

Скопје - Промоција на културно - научната фондација „Глобална Македонска Фондација Вечна“. (Музеј на македонската борба/18:30)

Штип - Четврти Интернационален студентски конгрес на медицина. (Мултимедијален центар УГД/16:30)

Скопје - Археолошкиот музеј ќе го одбележи Меѓународниот ден на музеите 2025. (Археолошки музеј/10:00)

Скопје - Отворање на изложбата ,,Рапсодија" на Владимир Темков. (МАНУ/20:00)

Скопје - Изложба на студентска графика – Драгутин Аврамовски – Гуте. (Галерија „Драгутин Аврамовски – Гуте“, во објектот Сули ан, Стара скопска чаршија/20:00)

______________________________________________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан