• петок, 05 декември 2025
МИА Најави МКД

23 септември 2025 

Штип - Премиерот Христијан Мицкоски во посета на Штип, каде ќе присуствува на пуштање во употреба на затворен базен (10:30/изјава за медиуми) и ќе изврши увид на градежни активности на асфалтирање на Булевар „Партизанска“.

Скопје - Меѓународна научна конференција на тема „Системска корупција - најголемата безбедносна закана: Безбедносно-стратешки пристапи за решавање на сложените предизвици“, во организација на Факултетот за безбедност - Скопје  ( Клуб на пратеници - Скопје/10:00)

Скопје - Асоцијација Макам-транс организира традиционална средба на превозници со презентација на апликација за годишни ЕКМТ дозволи за 2026 година и мини саем. (ресторан Потковица, Хиподром Скопје/12:30) 

Кавадарци - Заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески ќе одржи средба со претставници на стопански комори, стопанственици и здруженија на занаетчии од Кавадарци. (сала на Советот на Општина Кавадарци/12:00, изјави за медиуми пред почеток на средбата) 

Скопје - Министерот без ресор задолжен за интеграција и имплементација на Стратегијата за инклузија на Ромите 2022–2030 Шабан Салиу и Црвен крст на РСМ организираат крводарителска акција во Поликлиниката Шуто Оризари. (09:00-14.00/изјави за медиуми 08:45)

Тетово - Градоначалникот на Општина Тетово, Биљал Касами ќе присуствува на пуштање во употреба на новите улици во населбата Дреновец. (12:30, предвидена изјава за медиуми)

Скопје -  Почнува манифестацијата „Европски  денови на културното наследство 2025“ на тема  „Архитектонско наследство: Прозорец кон минатото - врата кон иднината“. (Музеј на РС Македонија/12:00) 

Скопје - Инсталација и уметничка средба насловена „Страв од љубов", во организација на  Францускиот институт во Скопје. (Францускиот институт во Скопје/19:00

Скопје -  Концерт на Гудачкиот камерен оркестар „АРКО“, под диригентската палка на Ерхан Шукри. (Камерна сала на Филхармонија/20:00)

Скопје -  Отворање на изложбата „Меморијали од Првата светска војна во фондовите и збирките на Архивот на Југославија“. (Музеј на Република Северна Македонија/12:00

Куманово - Ретроспективна изложба на слики „55 - години ликовно творештво" на реномираниот уметник Боро Арсовски - Бабата. (Центар за култура „Трајко Прокопиев“/20:00

Загреб - Отворање на изложбата „Заоѓања“ на македонскииот современ ликовен уметник Никола Пијанманов.( Културно-информативен центар на Република Северна Македонија во Загреб/19.00

Скопје - Здружението за афирмација на бошњачката жена Диванхана од Скопје  ќе го промовира патеписот „Посеани на патот кон ветената земја Турција: Бошњаците во Северна Македонија од Ален Калајџија“. (Музеј на македонската борба/19:30)

Скопје -  Отворање на изложбата на слики и цртежи „Жена инспирација“ од Весна Ничевска. (Културно-информативен центар – Скопје, Изложбен салон Империјал 1/20.00 часот)

Битола -  Прес конференција на ИФФК „Браќа Манаки“ (Офицерски дом / 10:00)/Проекција на филм во чест на лауреатите (Кино Манаки / 20:00)

Белград - Отворање на изложбата „Пресек за скулптурата над“ од македонскиот скулптор Славчо Спировски. (КИЦ/19:00) 

Гостивар - Прес-конференција на тимот на изборната кампања на кандидатот за градоначалник на Гостивар Висар Адеми. (паркинг на помошен стадион, Гостивар/11:00

Скопје - Кафе дружење со кандидатот за градоначалник на Општина Центар, Мирослав Лабудовиќ. (Beer Garden/11:00

Скопје -  Почнува Европската недела на спортот, како дел од европската иницијатива за промоција на спортот и физичката активност - European Week of Sport. (ОУ „Кочо Рацин во Скопје“/17:00

___________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан