МИА Најави МКД
- 30 септември 2025
30 септември 2025
Скопје - Претседателот на Владата на Република Северна Македонија,Христијан Мицкоски, директорката на УНФПА за регионот на Источна Европа и Централна Азија,Флоренс Бауер, министерот за социјална политика, демографија и млади на Република Северна Македонија,Фатмир Лимани, и постојаната координаторка на ОН во Северна Македонија, Рита Колумбија ќе се обратат на настанот Демографски трендови – Заедничка акција за инвестирање и искористување на човечкиот капитал преку петгодишната програма на Владата и Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА). (Влада, свечена сала/10:45)
Скопје - Претседателката на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите, Жаклина Пешевска ќе одржи средба со претседателката на Мајките за Америка, Кимберли Флечер. (Канцеларија 265/11:00)
Скопје - Министерката за образование и наука Весна Јаневска ќе се обрати на конференција посветена на успесите на учениците и наставниците ментори остварени на меѓународните олимпијади по хемија во оваа календарска година. (Институт за хемија при Природно-математичкиот факултет/10:00)
Скопје - Отворање на француско-германскиот проект „Старата скопска чаршија: визија за иднината“ во организација на Францускиот институт во Скопје и Амбасадата на Франција, заедно со институтот Гете и Амбасадата на Сојузна Република Германија. (Europe House - Скопје, ул. „Св. Кирил и Методиј“, бр. 52-б/10:00)
Скопје - AI Tech Summit за примена на вештачката интелигенција. (Национална опера и балет/изјава за медиуми - 10:30)
Скопје - Свечена академија по повод Меѓународниот ден на Бошњаците во организација на Бошњачки национален совет на Р.С.М. (Интернационален Балкански Универзитет - ИБУ, конференциска сала/19:00)
Скопје - Претседателот на СУТКОЗ, Стојанче Кашиковски и Синдикалните преставници од ЈП Паркови и зеленило Скопје ќе дадат изјава за медиумите. (бул. Илинден кај Фонтана - Градски парк, Матично/11:00)
Скопје - Панел дискусија „Патокази на поетската мисла - во чест на Илхами Емин, Неџати Зекерија, Шукру Рамо, Авни Енгуллу и нивните современици“ во организација на НУ Центар за култура на турската заедница во РСМ - Скопје. (Градска библиотека „Браќа Миладиновци“/19:00)
Скопје - Прес-конференција по повод отворањето на новата концертна сезона на оркестарот на Македонската филхармонија, насловена „#БезФилтер“ и престојниот концерт во Златната сала на „Музикферјан“ во Виена. (Филхармонија, камерна сала/11:00)
Скопје - Предавање насловено „Дупка во главата или: може ли нешто да се научи од војната?“ на Борис Буден. (Национална галерија, Чифте Амам/19:00)
Скопје - Книжевна вечер во организација на Српскиот културно-информативен центар „СПОНА“. (Кафе-книжарница „Буква“/19:00, изјави за медиумите/18:55)
Скопје - Промоција на книгата „Проникнување“ на Епископ Давид (Нинов) и Синоличка Трпкова. (КИЦ, Салон 19:19/19.19)
Скопје - Промоција на книгата „Драмолетање“, книга драми во издание на МТФ „Војдан Чернодрински“. (Факултет за драмски уметности/19:00)
Скопје - Книга афоризми под наслов „Афористичка татковина“ од Ирена Павлова де Одорико. (Друштво на писателите на Македонија/19:00)
Скопје - Групна изложба „Голем формат". (Музеј на Град Скопје)
Дебар - Концерт насловен „Валцери и полки од Штраус“ на Пламенка Трајковска гудачки квартет. (Дом на култура Дебар/20:30)
Скопје - Концерт на ДУВАЧКИОТ КВИНТЕТ PHIL-HARMONIC5. (Музеј на македонската борба/20:00)
Локални избори 2025:
Вевчани/Струга/Ресен - Митинг на ВМРО-ДПМНЕ, Вистинскиот избор твојот човек! Твоето место! За твојата иднина! во Вевчани (17:00), Струга (18:30) и Ресен (20:30)
Лозово/Карбинци/Пробиштип/Штип - Изборниот караван на СДСМ и коалицијата, се бориме за нашиот дом! во Лозово (17:30), Карбинци (17:30), Пробиштип (18:30) и Штип (20:00)
Скопје - Кандидатката за градоначалничка на Скопје од СДСМ и Коалицијата, Каја Шукова ќе даде изјава за медиумите. (Кај дивата депонија Вардариште/10:00)
Скопје -Прес конференција на која ќе се обрати кандидатот за Градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски. (на раскрсницата помеѓу Бул. Борис Трајковски и улица Есенинова, (м.в. Чешма) во близина на споменикот/12:00)
Скопје - Коалицијата ВРЕДИ ќе ја одржи Промотивната конвенција. (Спортска сала „Борис Трајковски“/19:00)
Скопје - Прес-конференцијата на кандидатот за градоначалник на Општина Чаир од редовите на ВРЕДИ, Изет Меџити. (ул.„Парашкеви Ќиријази” / https://maps.app.goo.gl/SdQodCKitdtMNzGR7?g_st=ipc / 14:00)
Скопје - Прес-конференција на ВРЕДИ. (Централент штаб на плоштадот Скендербег13:00)
Скопје - Прес-конференција на кандидатот на Националната Алијанса за Интеграција за град Скопје, Скендер Реџепи – Зејди, кој заедно со кандидатите за советници ќе ја претстави изборната програма за градот Скопје. (Изборен штаб на кандидатот за град Скопје спроти „26 јули“, https://maps.google.com/?q=42.001671,21.440281/11:15)
Скопје - Прес-конференција на кандидатот за градоначалник на Општина Чаир, од редовите на Националната алијанса за интеграција (НАИ) Бујар Османи. (Седиште на ДУИ/10:30)
Скопје - Прес конференција на кандидатот на Левица за градоначалник на Град Скопје, Амар Мециновиќ. (пред Старата железничка станица / 12:00)
Гостивар - Прес-конференција на Тимот на кампањата на Висар Адеми. (пред НП Комуналец, Гостивар/11:00)
__________________________________________________________
***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***