10 март 2026
Варшава - Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ќе престојува во работна посета на Полска, каде што ќе присуствува на комеморативното одбележување на Холокаустот на македонските Евреи, што ќе се одржи во Меморијалниот и музејски комплекс „Треблинка“.
Скопје - Собранието на Р. Северна Македонија ќе ја одржи 92-та седница. (Сала „Македонија“/11:00)
Скопје - Премиерот Христијан Мицкоски ќе изврши увид во изградба на пречистителната станица во населеното место Кучевишка Бара, Општина Чучер Сандево. (Локација https://maps.app.goo.gl/7bUmLkt9C7NzUvZq5?g_st=iv ; Изјава за медиуми /11:00)
Скопје - Министерството за јавна администрација ќе го одржи настанот Тематската група за управување со човечки ресурси и професионален развој (HRMPD), насловен „Градење на капацитетите на институциите за обука на јавните службеници“, организиран во соработка со Регионалното училиште за јавна администрација (ReSPA), Амбасадата на Франција во Република Македонија и Центарот за управување со промени. (х.„Холидеј ин“/9:00)
Скопје - Министерот за спорт, Борко Ристовски, амбасадорот Микалис Рокас, шеф на Делегацијата на Европската Унија, претседателот на Олимпискиот Комитет, Даниел Димевски и директорот МЦМС, Александар Кржаловскиќе се обратат на конференцијата „Фер игра: еднаквост и нулта толеранција за родово базирано насилство“. (х.„Холидеј ин“/10:30, изјави за медиумите/10:00-10:30)
Скопје - Изјава за медиуми на директорката на Управата за јавни приходи, Елена Петрова, и директорот на Државниот пазарен инспекторат, Влатко Стојкоски. (Регионална дирекција на УЈП – Скопје, ул. „11 Октомври“ бр. 27, Скопје (наспроти Билна аптека на Алкалоид)/10:45)
Гевгелија - Генералниот директор на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски, ќе присуствува на настан по повод започнувањето на реконструкцијата на објектот на Подрачната служба на Фондот за здравствено осигурување во Гевгелија. (Објект на Фондот за здравствено осигурување – Подрачна служба Гевгелија/11:00, предвидена е изјава за медиумите, по настанот генералниот директор ќе ја посети и Општата болница- Гевгелија)
Скопје - Државната комисија за спречување на корупцијата ќе ја одржи 29-та седница. (https://zoom.us/j/96823721187?pwd=PPmoj12Fm6u3O6K1aqwJJA0bmIr355.1/12:00)
Битола - Собраниска делегација предводена од потпретседателот Весна Бендевска, во состав Олга Лозановска и Бисера Костадиновска - Стојчевска ќе положат свежо цвеќе по повод 83 години од депоратација 7144 македонски Евреи во логорот Треблинка. (Споменик на жртвите на холокаустот „Камена Менора/11:30, Споменик на Естреја Овадија-Мара)
Скопје - Прес - конференција на портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска. (седиште на СДСМ/11:30)
Прилеп - Информативна средба „ФЕР АНГАЖМАН“, посветена на примената на Законот за работно ангажирање на лица. (Сала на Советот на Општина Прилеп/12:00, изјави за медиумите пред почетокот на настанот)
Битола - Одбележување на денот на депортацијата на битолските Евреи. (ЈЗУ Здравствен дом „Хаим Абраванел“/11:30)
Истанбул - Културен настан посветен на заедничката традиција на македонската гајда и турскиот тулум по повод 10 март - Меѓународниот ден на гајдата, со панел-дискусија на која ќе учествуваат експерти од Македонија и Турција. (Македонски културен центар/20:00)
Скопје - Одбележување на Светскиот ден на филозофијата 70. години постоење на Друштвото. (Филозофски факултет, свечена сала/11:00)
Софија - Промоција на книгата на бугарски јазик „Небесна пантомима“ од Зоран Анчевски. (Македонски културно-информативен центар во Софија, ул. „Обориште“ 7/18:30)
Скопје - Прес-конференција по повод 30 години јубилеј на Интерарт Културниот Центар, 15 години Скопје Танцов Театар и најавата на програмата на Танц Фест Скопје 2026. (Македонски народен театар, фоаје/11:00)
Скопје - Здружението SOS VITA - Скопје ќе додели пакети со прехранбени произовди на лица со посебни потреби, членови на здружението по повод светиот месец Рамазан. (Простории на Здружението SOS VITA/13:00)
Скопје - Отворање на Месецот на франкофонијата со танцовата претстава „F_AI_LLE“ на француската танцова група K.Danse. (Македонски народен театар/20:00)
______________________________________________________________________
***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***