• сабота, 26 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски
МИА Најави МКД

2 април 2025

Скопје - Седница на собраниската Комисија за култура и туризам. (Сала 5 /11:00)

Скопје - Седница на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата. (Сала 4 /12:30)

Скопје - Седница на собраниската Комисија за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање. (Сала 6 /13:00)

Штип - Премиерот Христијан Мицкоски ќе присуствува на отворањето на фабрика на компанијата „Магна мехатроникс“ во ТИРЗ Штип. (11:00; изјави за медиуми /12:10)

Скопје - Припадниците на Првата пешадиска бригада ќе го одбележат Денот на единицата. асарна „Страшо Пинџур“ - Петровец /12:00; медиуми пред пријавница во касарната најдоцна до 11:15)

Скопје - Јавна седница на органите и телата на Сојузот на синдикати на Македонија. (пред Собрание на Северна Македонија /12:05)

Скопје - Пристигнување на првиот лет на компанијата „Изиџет“ од аеродромот „Орли“ во Париз на Меѓународниот аеродром Скопје. (08:45)

Крива Паланка - Прес-конференција на компанијата „Булмак 2016“, при што ќе се реализира и теренска обиколка на локацијата каде е настанат дефектот на цевката. (Рудник „Тораница“ /14:00)

Скопје - Меѓународна конференција на „Метаморфозис“ и Балканската мрежа за борба против дезинформациите по повод Денот на проверка на факти. (х. „Холидеј ин“ /10:00)

Скопје - Меѓународен научен собир со професори од Универзитетот Оксфорд, во организација на МИТ Универзитет во соработка со „Oxford Connections“. (Амфитеатар на МИТ Универзитет – Скопј - регистрација /12:30-13:30; поздравни обраќања /13:30)

Скопје - По повод 2 Април, Светскиот ден на свесноста за аутизмот, ќе биде отворена изложба на цртежи на Јана Иванова, ученичка од 4то одделение при ООУ „Димитар Миладинов“ од Скопје. (Младински центар „Матично” /12:00; Изложбата ќе биде отворена до 30 април, секој работен ден од 10 до 16 часот).

Скопје - Отворање на самостојна изложба на Љуљзиме Лека Муљаку со наслов „Метаморфоза II“. (Чифте амам /19:00)

Скопје - Второ издание на фестивалот за литература и општа култура „Видик“, што ќе се одржи од 2 до 16 април, во организација на „Литература.мк“ ќе почне со промоција на најновиот роман за возрасни од писателката Оливера Ќорвезироска, „Три Марии“, во издание на „Арс Ламина“. („Литература.мк“, Дајмонд мол /19:00)

Скопје - „Стартап клуб Скопје“ ќе биде домаќин на настан посветен на иднината на глобалното вработување и работата на далечина. (Стартап клуб Скопје /19:00)

___________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Тагови

Остани поврзан