• среда, 25 март 2026
МИА Најави МКД

7 март 2026 

Скопје - Премиерот Христијан Мицкоски ќе присуствува на поставување камен темелник на новиот кампус на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, поранешна касарна „Илинден“. (12:30)

Скопје - Министерот за здравство, Азир Алиу и градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски ќе одржат прес-конференција. (Министерство за здравство, горна сала/11:00)

Скопје - Прес-конференција на адвокатот Тони Менкиноски во врска со скандалозната одлука на официјална Софија за 10-годишна забрана за негов влез во Бугарија. (адвокатска канцеларија, булевар ВМРО 7/31/11:30) Google maps локација: https://maps.app.goo.gl/SwWVNR8CyugqQRqD6?g_st=ic--

Скопје - ФИЈУК Саем - настан посветен на независната уметничка сцена и современите креативни практики. (Дом на хуманитарни организации „Даре Џамбаз“/14:00-21:00)

Охрид - Литературна манифестација во чест на Тоде Илиевски. (Општина Охрид, голема сала/11:00) 

Скопје - По повод Меѓународниот ден на жената, издавачката куќа Сакам Книги организира отворен женски книжевен настан „Кој женски лик ве промени?“. (Сакам книги-Лептокарија/12:00)

Скопје - Отворање групна изложба „Жените од светот низ историјата-Жената симбол и инспирација“. (ЈУ Дом на култура „Кочо Рацин“, Галерија  „КО-РА“- голем салон/19:30) 

Скопје - Проекција на шпанскиот филм „Јас сум Невенка“, на режисерката Исијар Бољаин. (Кинотека/20:00)

Скопје - Премиера на претставата „Ова е само крајот на светот“ во режија на Теа Беговска. (НУ Драмски театар/20:00)

______________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан