• недела, 05 мај 2024
МИА Најави МКД

МИА Најави МКД

12 мај 2023

Скопје – Претседателот Стево Пендаровски ќе се сретне со делегацијата на Советот на Американски амбасадори. (10:00 – 10:45) 

Скопје – Претседателот на Собранието  Талат Џафери ќе се сретне со делегацијата на Советот на Американски амбасадори. (Сала на Уставна комисија/ 11:00 – 11:30)

Скопје – Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ќе се сретне со делегацијата на Советот на Американски амбасадори. (11:35 – 12:10)

Скопје – Претседателот на движењето БЕСА Биљал Касами ќе се сретне со делегацијата на Советот на Американски амбасадори. (12:15 – 12:35)

Скопје – Средба на заменик-шефот на Мисијата и Chargé d’ Affaires Eric MEYER со делегацијата на Советот на Американски амбасадори. (во просториите на Амбасадата на САД/ 9:00 – 9:45)

Скопје – Седница на собраниската Комисија за европски прашања. (Сала „Борис Трајковски“/ 12:00)

Сараево – Министерот за надворешни работи, Бујар Османи денес и утре ќе присуствува во официјална посета на Босна и Херцеговина во рамки на неговите активности како Претседавач со ОБСЕ.

Скопје – Свечена академија по повод Меѓународната недела на сестринството, во организација на Унијата на здруженија предводена од Здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри „ЗА НАС“. (Дом на АРМ/ 13:00, изјави за медиумите пред почетокот на настанот/ 12:40)

Скопје – Евротинк кафе дебата: „Улогата на граѓанското општество во односите меѓу Северна Македонија и Бугарија". (кафе „Тренд“ на плоштад/ 12:00)

Скопје – Потпишување на Меморандумот на Асоцијацијата за корпоративна безбедност за Македонија и Асоцијација на менаџери за сигурност на Црна Гора. (во просториите на Premium Safety Solution на ул. „Климент Охридски“ бр. 50/ 12:00)

Скопје/Крушево/Битола – Генералка викенд 2023, пролетна акција за чистење и селектирање отпад. (Шуто Оризари: ОУ „Браќа Рамиз“ и ОУ „26 Јули“, Крушево: Крушевско Езеро, Споменик Македониум, Гумење и Питу Гули и во Битола: Основни и средни училишта, урбани и месни заедници, диви депонии АРМ и ЦГП/ 9:00)

Скопје – Прв Саем за козметика, нега на коса и естетика во Македонија – Beauty Expo Skopje. (х. „Лимак“/ 20:00)

Скопје – Во рамки на 4. Скопски градски фестивал свој настап ќе имаат српскиот и балкански етно состав Биља Крстиќ и Бистрик Оркестар. (во големата сала на Филхармонија/ 20:00)

Битола – 24. Издание на Меѓународниот фестивал на монодрама под мотото „Да се биде“. (Народен театар/ 19:00)

Скопје – Промоција на четири нови современи бајки од млади автори и илустратори – 10 години „Браво Сине“. (Ист гејт мол, во книжарницата „Литература“/ 12:00)

___________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан