• среда, 18 декември 2024
МИА Најави МКД

21 ноември 2023 

Скопје - Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг во официјална посета на Република Северна Македонија.

- официјална церемонија во Владата проследена со заедничка прес-конференција со премиерот Димитар Ковачевски. (16:00)

- обраќање во Собрание. (Голема сала/17:20)

- средба со претседателот Стево Пендаровски. (Кабинетот на претседателот/18:00, пристигнување на сниматели и фоторепортери во 17:30)

Скопје - Собранието на Република Северна Македонија ќе ја одржи 131-та седница. (Собрание, голема сала/11:00)

Скопје - Седница на Анкетна комисија за скандалот во ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија. (Собрание, Сала 5/11:00)

Скопје - Заменик на Претседателот на Владата за европски прашања, Бојан Маричиќ, министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска и министерката за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска ќе ја посетат Општина Ѓорче Петров каде ќе имаат свои обраќања.

-Средба со Здружение и културно уметничко друштво. (Центарот за култура во Ѓорче Петров/9:50)

-Посета на објектот „Сонце“ на ЈОУГД „Росица“ во Волково. (10:30)

-Посета на прочистителната станица во село Орман. (11:20)

Скопје -  Панел дискусијата на тема „Улогата и позицијата на жената во бизнис светот, предности, предизвици и можности!“ во организација на Амбасада на Република Словенија. (ресторан „Ореов Лад“, улица 20 бр.1/18:00)

Скопје - Општина Кисела Вода ќе ги презентира резултатите од Меѓународниот конкурс за избор на идејно решение за ДУП за Расадник. (Дом на култура “Билјана Беличанец”/12:00)

Скопје - Брифинг со медиумите на Агенцијата за филм на Република Северна Македонија. (Агенција за филм/10:00)

Битола - Македонско научно друштво-Битола организира јавна трибина „За машкото здравје“. (Универзитетска библиотека/18:00)

Скопје - Работна средба на тема „Начинот за надминување на предизвиците во заштитата на авторското право и неовластеното преземање на фотографии“, на иницијатива на секцијата на фоторепортери при ЗНМ. (Клуб на новинари/13:00)

Скопје - Здружението за еднакви можности - Мрежа Стела ќе го промовира Прирачникот за менторство. (Национална Галерија на Македонија - Даут Пашин Амам/19:00)

Скопје - Промоција на книгата „Под остар агол“ од Виктор Танасковски. (Градска библиотека „Браќа Миладиновци“, спомен-собата „Т’га за југ“/19:00)

Скопје - Изложба „Вечно женско (ШАКТИ)“ на Тања Миљовска. (КСП Центар Јадро/20:00)

Скопје - Седмо издание на Медиумскиот фестивал Скопје. (Кинотека)

Скопје - Свечено затворање на меѓународниот фестивал на класичната камерна музика СКУПИ КамерФест со концерт насловен “Звуците и Буквите" на кој ќе учествува хорот Сипарантум.

Скопје - Момчило Бајагиќ - Бајага и Бобан Милошески ќе одржат прес-конференција по повод концертот на Бајага & Инструктори. (Аудиокултура/13:00)

Скопје - Комеморација за актерот Мето Јовановски. (Драмски театар/11:00)

_________________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан