• недела, 12 мај 2024
МИА Најави МКД

1 август 2023

Крушево – Премиерот Димитар Ковачевски ќе се обрати на „Десет дена Крушевска Република, традиционална манифестација која ги претставува културата, традицијата и историјата на Крушево, во организација на НКС „Десет дена Крушевска Република“. (20:30)

Скопје – Претседателот Стево Пендаровски ќе ги прими акредитивните писма на Мартин Памер, новоименуван амбасадор на Република Австрија во Република Северна Македонија. (во Кабинетот на Претседателот/ 11:00, сниматели и фоторепортери во Кабинетот во 10:30)

Долнени/Крушево – Министерката за труд  и социјална политика Јованка Тренчевска ќе ги додели дозволите за вршење дејност од социјална заштита на давателите кои ќе ја спроведуваат социјалната услуга за помош и нега во домот на територијата на општините Прилеп, Долнени и Кривогаштани и во Општина Крушево.

- Врачување на лиценцата на Центарот за развој и едукација за општините Прилеп, Долнени и Кривогаштани. (Општина Долнени/ 11:00)

-  Врачување на лиценцата на Црвениот крст Крушево за територијата на оваа општина. (Крушево, ул. „Илинденска“ бр. 13, меѓу Судот и болницата/ 14:30)

Скопје – Прес-конференција на министерот за здравство Фатмир Меџити. (во амфитеатарот на Медицински факултет/ 10:30)

Скопје – Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски ќе ги додели договорите за финансиска поддршка на мали дестилерии. (во зградата на МЗШВ, во големата сала на приземје, изјава за медиумите/ 10:00)  

Крушево – Научна конференција „120 години од Илинденското востание“ во организација на Матица на иселениците од Македонија. (Конференциска сала во старото училиште Крушево/ 10:00)

Битола – Ликовна изложба инспирирана од делото на американскиот новинар Албер Сониксен. (Офицерски дом, кристална сала/ 19:00)

Битола – Интердисциплинарен перформанс „120 години Илинденско востание“. (Офицерски дом/ 20:00)

Битола – Премиера на театарската претстава „Море на тишината“. (Народен театар/ 20:00)

___________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан