
13 мај 2025
Скопје - Седница на собраниската Комисија за образование, наука и спорт. (Сала 4/11:00)
Скопје - Седница на собраниската Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство. (Сала 6/12:00)
Скопје - Седница на Законодавно правна комисија. (Сала 6/12:30)
Скопје - Министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска ќе учествува на панел дискусија на тема „Образование на иднината: градење лидери, мислители и иноватори“ во рамки на 14-от годишен Самит на Македонија 2025. (х. „Мериот“ /10:00)
Скопје - Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Комисијата за односи со верските заедници и религиозните групи (КОЗРГ) ќе потпишат Декларација на верските лидери во Република Северна Македонија против насилен екстремизам. (Клубот на пратеници /11:00)
Кичево - Информативната сесија „Граѓанска регистрација и бесплатна правна помош – бидете видливи, регистрирајте се!“. (Општина Кичево во зградата на општината /13:00)
Скопје - Затворање на 21. издание на ТАНЦ-ФЕСТ со иновативната и интерактивна танцова претстава „MYSELVES“, на француската група K. DANSE. (Македонски народен театар /20:00)
Скопје - Националната галерија во соработка со галеријата Art Project Space ќе ја претстават меѓународната групна изложба со жени - уметнички од Македонија, Грција, Србија и Кипар, под наслов Скриеното трето: Некаде помеѓу присуството и отсуството. (Галерија Art Project Space/19:00)
Загреб - Отворање на изложбата „Менче Спировска – Визуелна фасцинација со Загреб“ на Менча Спировска. (КИЦ на РСМ/19:00)
Скопје - Шесто издание на Скопски Градски Фестивал, со вечер посветена на Словенија и словенечката културна сцена во организација на Баги Комуникации. (Музеј на град Скопје/19:00)
Скопје - Денови на култура во општина Илинден 2025 „26-та Литературна манифестација“ од 13-15 мај. (Во кино салата на Дом на култура „Илинден“ ќе се прикажува игран филм „Снежана на крајот умира“ во режија на Кристијан Ристески /19:00)
______________________________________________________________________________________________________
***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***