• среда, 15 мај 2024
МИА Најави МКД

8 август 2023 

Ташкент - Претседавачот со ОБСЕ и министер за надворешни работи Бујар Османи од Узбекистан ја почнува посетата на Централна Азија. 

Тетово - Министерката за одбрана Славјанка Петровска и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал потполковник Васко Ѓурчиновски ќе положат венец со цвеќе во спомен на десеттемина бранители, припадници на Армијата кои во 2001 година го загубија својот живот кај месноста Карпалак на патот Скопје – Тетово. (Кај месноста Карпалак/9:00, изјави за медиумите по настанот)

Прилеп - Делегација на Собранието на Република Северна Македонија, во состав Миле Талевски, Олга Лозановска и Ане Лашкоска по повод одбележувањето на 22-годишнината од трагичната смрт на десетмината резервисти од Прилеп ќе положи свежо цвеќе. (Пред комплексот Карпалак, во центарот на Прилеп/13:00)

_____________________________________________________________________________________ 

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини*** 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан