• недела, 22 декември 2024
МИА НАЈАВИ МКД

6 февруари 2023 

Скопје - Претседателката на Унгарија, Каталин Новак, во официјална посета на Република Северна Македонија.

- Официјална церемонија на пречек со највисоки државни и воени почести. (Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски/10:00)- Тет-а-тет средба со претседателот Стево Пендаровски. (Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски/10:15)
- Пленарен состанок на делегациите. (Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски/10:30)
- Заедничка прес-конференција на претседателот Пендаровски и претседателката Новак (Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски)
(акредитираните новинарски екипи да пристигнат во Кабинетот на претседателот во 09:00).
- Полагање на венци на гробот на Гоце Делчев (црква „Св. Спас“/12:10/акредитираните сниматели и фоторепортери да пристигнат во црквата „Св. Спас“ во 11:40)

Скопје - Конференција за борбата против антисемитизмот, во рамки на Пре​тседавањето на Северна Македонија со ОБСЕ (Хотел Александар Палас/15:00/пристигнување на новинарите во 14:00)

- Прес-конференција на претседавачот со ОБСЕ и министер за надворешни работи Бујар Османи, директорот на ОДИХР, Матео Мекачи и личниот претставник на претседавачот, Раби Бекер (15:45)

Тетово - Министерот за здравство Беким Сали ќе ја посети Клиничката болница Тетово по повод промоција на нова медицинска опрема во вредност од 3.2 милиони евра. (Клиничката болница Тетово/11:00)

Скопје - Специјалниот пратеник на Канада за Европска Унија и Европа, Стефан Дион ја започнува тридневната официјална посета на Северна Македонија.

___________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

 

Остани поврзан