• вторник, 19 ноември 2024
МИА Најави МКД

10 октомври 2023 

Скопје – Седница на Комитетот за односи меѓу заедниците. (сала „Борис Трајковски“/ 11:00)

Скопје – Седница на Анкетната комисија за скандалот во ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија. (Сала 6/ 11:00)

Скопје – Седница на собраниската Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања. (Сала 4/ 12:00)

Скопје – Прес-конференција на пратеникот Борислав Крмов од Левица, на тема: „Левица поднесува нов Предлог-закон за здравствена заштита, за пациентите болни од дијабетес“. (Прес-центар/ 12:00)

Скопје – Министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска ќе присуствува на промоцијата на Протоколот за постапување со деца со дијабетес во училиштата и детските градинки, во издание на Асоцијацијата за детски дијабетес на Македонија - БАЛАНС МК, а издаден со поддршка на Министерството за здравство на Македонија. (во ЈУДГ на ОЦ „Раде Јовчевски Корчагин“, објект „Пепелашка, на ул. „Стив Наумов“ 102/ 10:00)

Скопје – На одбележувањето на Светскиот ден на менталното здравје Република Северна Македонија се придружува кон иницијативата „Менталното здравје како универзално човечко права предводена од СЗО во организација на Македонската психијатриска асоцијација и ЈЗУ Универзитетска клиника за психијатрија.  (во Градски парк, позади фонтаната/ 11:00)

Скопје – Прес-конференција на „Градиме иднина Скопје“ во врска со досегашната реализација на проектот „Стоп против питачење и злоупотреба на децата и нивното здравје. (пред седиштето на МОН/ 11:30)

Штип – Ротари клуб од Штип и УСАИД организираа настан на тема: „Менталното здравје е универзално човеково право“. (х. „Изгрев“/ 18:00)

Скопје – Прес-конференција на Стопанска комора на Северна Македонија на која ќе се обрати д-р Јелисавета Георгиева Јовевска, претседател на Асоцијацијата за поддршка на медијацијата при Стопанската комора на Северна Македонија и Национален координатор за медијација. (во просториите на Стопанска комора на Северна Македонија, сала 4, кат 5/ 11:00)

Тетово – Градоначалникот на Општина Тетово, Билал Касами ќе присуствува на почетокот на работите за реконструкција на патот кон Викенд населбата на Попова Шапка, каде што ќе даде изјава за медиумите. (10:00)

Валандово – „Есенските бои преточени во валандовските плодови“, настан кој го организираат и имплементираат наставници и ученици од СОУ „Гоце Делчев“ Валандово, а во рамки на настанот ќе се одржи и панел дискусија на тема: „Предизвици во земјоделието како резултат на климатските промени. (на плоштадот во Валандово/ 11:00 – 12:00)

Куманово – Драмскиот театар Скопје со претставата „Кафез кај кокони“ ќе учествува на фестивалот „Денови на комедијата“. (во салата на НУЦК „Трајко Прокопиев“/ 20:00)

Скопје – Разговор со Елизабета Баковска и Сашо Димоски, автори на фотокнигата „Во главата пишувам расказ“. (Градска библиотека „Браќа Миладиновци, во спомен-собата „Т’га за југ“/ 19:00)

Скопје – Промоција на книгата „Љубовните писма на Шарла“ од Давид Ангелевски. (во дворот на кафе-книжарницата „Буква“/ 18:00)

Прилеп – Во пресрет на „11 Октомври“ ќе биде отворена поставка на дела од академскиот сликар Сергеј Андреевски. (Градска библиотека „Борка Талески/ 18:30)

Скопје – Општина Центар организира музички хепенинг „Нешто што ќе остане“. (во Паркот на Франкофоцинијата/ 19:00)

Скопје – „Поетроника“ оригинален музички  перформанс со македонска поезија на Андреја Салпе и актерот Оливер Митковски. (на малата сцена во МНТ/ 20:00)

________________________________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан