• петок, 05 декември 2025
МИА Најави МКД

28 октомври 2025 

Скопје - Меѓународен форум за енергија за одржлив развој (IFESD-14) под наслов „Од цели кон акција: Напојувајќи ја иднината со одржлива енергија / From Goals to Action: Powering the Future with Sustainable Energy“ на кој воведни обраќања ќе имаат премиерот Христијан Мицкоски,министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, постојаниот претставник на Обединетите нации во земјава Армен Григорјан и извршната секретарка на Економската комисија на ОН за Европа (UNECE),Татијана Молчан. (Филхармонија/9:00)

Скопје - Јавна дискусија по однос на имплементацијата на Законот за стручно усовршување и обука на административните службеници „Инвестиција во знаење - пат кон поефикасна администрација" на која ќе се обратат министерот за јавна администрација Горан Минчев,  францускиот амбасадор Кристоф Ле Риголер  и извршната директорка на Центарот за управување со промени (ЦУП), Неда Малеска Сачмароска. (х.„Александар Палас“/10:00)

Охрид - Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески и директорката на Секторот за плаќања од Централната банка на Холандија, Инге ван Дијк ќе се обратат на 16-та Конференција за плаќања и пазарна инфраструктура под мотото „Преповрзување на плаќањата за дигиталната ера – приклучувањето кон СЕПА: Ново поглавје за плаќањата“. (х.„Инекс Олгица“/11:00, пренос од настанот ќе биде достапен и на Јутјуб каналот на Народната банка)

Скопје - Прес-конференција на генералниот директор на ТАВ Македонија, Неџат Курт, заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски и шпанскиот амбасадор Рафаел Сориано Ортиз. (Меѓународен Аеродром Скопје во зоната на заминувања/16:00, пристигнување на аеродромот, зграда на патнички терминал на Меѓународен Аеродром Скопје, шалтер за информации/15:00)

Скопје - По повод Светскиот ден на мозочниот удар – 29 октомври, Универзитетската клиника за неврологија организира отворен ден за граѓаните за подигнување на свесноста за превенција, препознавање на симптомите, рана дијагностика и навремено лекување на мозочниот удар, под мотото „Мозочниот удар се лекува“. (Простории на Клиниката за неврологија/10:00-12:00)

Копенхаген - Македонската национална асоцијација за дојдовен туризам (НАИТМ) ќе реализира интензивни промотивни активности за претставување на туристичките потенцијали на нашата земја.

Скопје - Настан „Иновација во циркуларната економија и креативните индустрии“ во рамки на Меѓународниот саем за енергетика и технологија „Енерго-Технома 2025“. (Спортска сала "Борис Трајковски"/10:30)

Скопје - Здружението ИНО ТЕХ КЛУБ Штип и Стартап Клуб Скопје организираат настан за тестирање на рециклиран филамент за 3Д принтање и запознавање со можностите за трансформација на пластичен отпад во вреден производ. (Стартап Клуб Скопје/18:00)

Скопје - Прес-изјава на Независниот синдикат на ЈП Паркови и зеленило. (Раскрсница на бул. „Илинденска“/10:45)

Скопје - Прес-конференција по повод гостувањето на фестивалот РУТА на Белградскиот драмски театар со претставата “Повеќе од игра”. (Драмски театар/11:00)

Скопје - БЕСТ Скопје организира информативен состанок како дел од Есенската регрутација за нови членови. (Барака 2.2, Технички кампус/20:00)

Скопје - Промоција на книгата „Поетики на современата европска драма и театар“ од Деспина Ангеловска, театролог и професор на Факултетот за драмски уметности. (Француски институт/19:00)

Скопје - Прес-конференција по повод одржувањето на ракометниот спектакл ЛЕГЕНДИТЕ на СЦЕНА. (Простории на Универзитетот Скопје, бул. Партизански одреди, бр. 99/12:30)

Скопје - Изведба на оперетата „Лилјакот“ од Јохан Штраус II. (Национална опера и балет/20:00) 

Скопје - Концерт на добитниците на наградата на СМУМ на натпреварот „Охридски бисери“. (Музеј на македонската борба/19:00)

Скопје - Концерт на “Никола Бочваров квартет“. (КИЦ, Салон 19:19/20:00)

Виена - Оркестарот на Македонската филхармонија ќе одржи концерт во „Златната сала“ на една од најзначајните светски концертни сцени „Музикферајн“.

Локални избори 2025:

Скопје - Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски ги повикува сите жители на општината да учествуваат на првиот буџетски форум за 2026 година. (ООУ „Киро Глигоров“/19:30)

 

__________________________________________________________ 

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан