7 октомври 2025
Скопје - Претседателот на Собранието, Африм Гаши ќе одржи средба со амбасадорката на Словачка, Ивета Хрицова. (Стар кабинет/10:00)
Скопје - Едукативна активност „ИМАМ СТАВ“ за ученици од средните училишта. (Сала „Борис Трајковски“/9:00)
Скопје - Унијата на здруженија на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри, предводена од ЗМСТАС „За Нас“, ќе одржи прес-конференција пред Министерството за здравство. (10:30)
Скопје - Серија на вебинари посветени на нови пристапи во филмското образование - Историја на филм и филмски јазик: Како тие можат да помогнат во современиот свет? (Film History and Film Language: How Can They Be Helpful in the Contemporary World) --- Истражување на филмската историја и јазикот на филмот преку алатки за критичко размислување и медиумска писменост; анализи на класични дела, звук, монтажа и европски краткометражни филмови. (Кинотека/17:00)
Скопје - Семинар CreArt – Значењето на креативните индустрии. (ЈУ.Детски културен центар - Карпош/9:00)
Крива Паланка - Втора фаза од патувачката изложба „Живеј со стил – поддржи различности“ во организација на Здружението Икуалити. (Градски музеј/19:30)
Скопје - Ретроспективна изложба на фотографии од Александар Кондев. (КИЦ, Изложбен салон Империјал 1 и 2/20:00)
Скопје - Концерт посветен на креативноста, енергијата и талентот на новата генерација џез музичари. (Македонска филхармонија, мала сала/20:00)
Битола - Концерт на „Интерфест“ со вокално инструметално трио Јовановиќ, Везенковиќ и Младеновиќ уметници од Србија. (Офицерски дом/20:00)
Битола - Концерт „Бајка“ со виолинистката Анна Кондратенко. (Центар за култура/20:00)
********************************
Локални избори 2025:
Мавово-Ростуше/Гостивар/Тетово - ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе одржат средби со граѓани и митинзи во Маврово-Ростуше (16:30), Гостивар (18:30) и во Тетово (20:30)
Дојран/Гевгелија/Валандово - Караванот на СДСМ е во Дојран (17:30), Гевгелија (18:30) и во Валандово (20:00)
Скопје - Кандидатот за градоначалник на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски, ќе одржи прес-конференција во Општина Бутел, на крстосницата меѓу улиците „Бутелска“ и „Александар Урдаревски“. (10:30)
Скопје - Изјави за медиумите на Каја Шукова, кандидатка за градоначалничка на Скопје од СДСМ и Коалицијата и Влатко Митовски - кандидат за градоначалник на општина Гази Баба. (Кај плоштадот во населбата Автокоманда во општина Гази Баба кај воената зграда/11:00)
Скопје - Кандидатот на ВРЕДИ за градоначлник на Општина Чаир, Изет Меџити, ќе има прес конференција. (Плоштад Скендербег/11:30)
Скопје - Кандидатот на Левица за градоначалник на Град Скопје, Амар Мециновиќ ќе одржи прес конференција на која ќе го презентира целосното решение за јавниот превоз во Скопје. (Порта Македонија/11:00)
Скопје - Прес-конференција на кандидатот за градоначалник на Општина Чаир од редовите на Националната алијанса за интеграција (НАИ), Бујар Османи. (Седиште на ДУИ во Чаир /10:00)
Скопје - Прес-конференција на потпретседателот на ДУИ Арбер Адеми, кандидатот за градоначалник на општина Куманово, Селвер Ајдини, и кандидатот за градоначалник на општина Бутел, Исамедин Азизи. (Седиште на ДУИ, во Скопје /11:00)
Неготино - Средба со граѓани во Неготино на која ќе присуствуваат: Претседателот на ПП Левица, Димитар Апасиев, пратеникот Сашко Јанчев, носителот на листа, Никола Ламбев, и останатите кандидати за советници ќе остварат средба со граѓани. (изјави за медиуми, Канцеларија на ЛО Левица - Неготино, Градски плоштад - Неготино/16:00)
Гевгелија - Претседателот на ПП Левица, Димитар Апасиев, пратеникот Сашко Јанчев, кандидатот за градоначалник, Тони Аврамов, носителот на листа, Николчо Петров, и останатите кандидати за советници ќе остварат средба со граќани. (Плоштад - Гевгелија фонтана, изјава за медиуми/18:00)
Скопје - ГРОМ - Граѓанска Опција за Македонија ќе одржи работен медиа брифинг со цел запознавање со програмата на Александар Трајановски, кандидат за градоначалник на град Скопје од коалицијата “Искуство за успех”. (Гостилница Дукат/9:30)
Скопје - Прес-конференција на MAAK. (пазар во Бутел/11:30)
__________________________________________________________
***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***