• сабота, 11 мај 2024
МИА Најави МКД

28 јули 2023 

Скопје - Претседателот на Собранието, Талат Џафери ќе оствари средба со Мараш Дукај, министер за јавна администрација во Владата на Црна Гора. (Собрание, стар кабинет/9:45)

Скопје - Седница на собраниската Комисија за европски прашања. (Сала „Борис Трајковски“/11:00)

Скопје - Претседателот на Владата Димитар Ковачевски и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски ќе присуствуваат на поставување камен темелник на новиот објект на Полициската станица од општа надлежност Аеродром. (стара полициска станица во Аеродром, ул.„Видое Смилевски Бато“ бр.19/10:00)

Гевгелија/Валандово - Изјава на министерот за правда Кренар Лога. (пред штандови за бесплатна правна помош на плоштадот во Гевгелија/11:30 и во Валандово/13:00)

Скопје - Mинистерот за здравство Фатмир Меџити ќе присуствува на настан по повод Светскиот ден на борба против хепатит. (Плоштад Македонија/10:00, изјави за медиуми по завршување на настанот)

Скопје - Министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова  ќе одржи прес-конференција за распределба на средства на општини од заемот од ЕИБ за подобрување на водната инфраструктура. (Влада на РСМ, Медија центар/12:00, линк на македонски јазик/https://www.youtube.com/watch?v=vD61Lmjhb20, линк на албански јазик/https://www.youtube.com/watch?v=J5cpKYfzlnI)

Скопје - Граѓанската асоцијација МОСТ ќе одржи прес-конференција на која ќе ја презентираат студијата „Една година од руската агресија врз Украина - студија за руската пропаганда, влијание и дезинформации во Северна Македонија“. (Europe House, зграда на Делегација на ЕУ/11:00)

Скопје - Промоција на книгата „Од архивата на македонското литературно друштво „Григор Прличев““ од Иван Трпоски. (МАНУ, амфитеатар/11:00)

Охрид - Отворање на изложбата Дела од колекцијата на Славко Упевче инспирирани од Св.Наум. ("Куќата на Уранија-МАНУ"/20:00) 

Крушево - Солистички концерт на пијанистката Даница Стојанова. (НУ “Спомен куќа на Тодор Проески”/20:00)

Струга - Спортски настан “ FIGHT4GLORY ” на кој ќе се натпреваруваат боксери и кик боксери во различни категории. (Ракометно игралиште во Струга/20:00)

___________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан