• петок, 05 декември 2025

МИА Најави - МКД

МИА Најави - МКД

26 мај 2025

Рим - Претседателката Гордана Сиљановска - Давкова во рамки на посетата на Рим ќе има аудиенција кај папата Лав 14, средба со државниот секретар на Светата столица, кардиналот Пјетро Паролин и средба со италијанскиот претседател Серџо Матарела.

Скопје - Седница на Националниот совет за евроинтеграции. (сала на Уставна комисија/11:00)

Скопје - Седница на собраниската Комисија за здравство. (сала „Борис Трајковски“/11:00)

Скопје - Посета на директорот на Германското друштво за меѓународна соработка, Давид Оберхубер на Собранието и средба со претседателот на Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика, Бојан Стојаноски (сала на Влада/11:30, по средбата изјави за медиуми)

Скопје - Судскиот совет на Република Северна Македонија ќе ја одржи 523. седница (Судски совет/10:00)

Скопје - Министерот за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани и амбасадорот на Европската Унија Михалис Рокас ќе се обратат на настан по повод почетокот на проектот „Поддршка на системот за обезбедување квалитет на социјалните услуги во Република Северна Македонија“ (х. „Холидеј ин“/11:00)

Велес - Завршен настан на проектот „Агросмарт - развој на модерно и одржливо земјоделство“, финансиран од Европската Унија, а спроведуван од Македонската развојна фондација за претпријатија, Хемера и ЦЕП можности (винарија „Шато Сопот“/13:00)

Скопје - Конференција „Стратегиски пристап во одбрана на новинарскиот интегритет“ во организација на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (х. „Холидеј ин“/ 10:00)

Скопје - Тркалезна маса „Предизвици во националното алармирање за исчезнати деца“ во рамки на одбележување на Меѓународниот ден на исчезнати деца - 25 мај (простории на Дневен центар „Гнездо“ - „Трета македонска бригада“, 10А/11:00)

Скопје - Државното средно училиште за ликовна уметност и дизајн „Лазар Личеноски“ ќе открие статуа на акад. проф. Јордан Грабул, дело на професорката Елена Дуковска (двор на ДСУЛУД „Лазар Личеноски“/10:00)

Скопје - Агенцијата за иселеништво ја организира третата по ред „Иселеничка литературна средба“ на која ќе бидат промовирани дела и писатели кои творат и живеат во странство. (Клуб на пратеници/10:00) 

Скопје - Здружението „Љубители на класична музика“ организира концерт по повод Светскиот ден на хармониката. (Музеј на македонската борба за самостојност/20:00)

Скопје - Отворање на петто издание на „Скопскиот брас фестивал“ со џез - концерт на квартет тромбони „Макбрас“ (плато пред кафе - бар „Филхармонија“/21:30)

Скопје - Отворање на четвртиот по ред „Јес фестивал (Млади европски приказни, млади креативци)“ во организација на издавачката куќа „Чудна шума“ (Младински културен центар/17:00, официјално отворање во 18:30)

Штип - Музичката академија при Универзитетот „Гоце Делчев“ го одржува третото издание на меѓународниот „Фестивал за современа музика 2025“ (уметничка галерија „Безистен“/19:00)

Битола - Универзитетскиот професор и истражувач во ЦЕРН-Швајцарија, Златко Димчовски ќе одржи предавање на тема „Актуелни истражувања и сознанија за антиматеријата и други актуелни истражувања во ЦЕРН како водечка светска лабараторија за нуклеарни истражувања“ (Технички факултет/10:00)

Битола - Премиера на театарската претстава „Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски во режија на Дамјан Димовски (Народен театар/20:00)

Скопје - Промоција на поетската книга „Небото ми е дома (духовна поезија)“ од Катица Ќулавкова (Градска библиотека „Браќа Миладиновци“/12:00)

Битола - Дуо изложба на „Мал битолски Монмартр“ на ликовните професори и педагози Вејсел Аџар од Трабзон, Турција и Марија Дима од Букурешт, Романија („Магазата“/19:00)

_____________________________________________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

 

Остани поврзан