• недела, 22 декември 2024
МИА Најави - МКД

22 јануари 2024

Скопје - Собраниската Законодавно - правна комисија ќе ги одржи  228-та и 227-та седница. (Сала 4/11:00 и 11:15)

Скопје - Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски ќе биде домаќин на состанокот на лидерите од регионот посветен на Планот за раст за Западен Балкан, усвоен од Европската Комисија.(х. Дабл три „Хилтон“, пристигнување на акредитираните медиуми од 7:00 - 7:45, директен влез на прес-конференцијата после 10:00)

-изјава за медиумите пред почетокот на состанокот од премиерот Ковачевски и официјалните учесници. (Линк за следење на почетните изјави во 09:00)

-Состанокот на лидерите на Западен Балкан. ( 09:45, следење во живо на следните линкови: Обраќањата на македонски јазик, Обраќањата на албански јазик, Обраќањата на англиски јазик.

-Заедничка прес-конференција на лидерите ( 12:15 часот, може да се проследи во живо на следните линкови:

Прес-конференцијата на македонски јазик, Прес-конференцијата на албански јазик, Прес-конференцијата на англиски јазик, Прес-конференцијата на српски јазик, Прес-конференцијата на црногорски јазик.

Скопје - Министерот за здравство Фатмир Меџити ќе ја посети Клиниката за пулмологија и алергологија.(10:30, по посетата, предвидени се изјави за медиуми)

Скопје - Министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу ќе потпише меморандум за соработка со Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Универзитетот „Св. Климент Охридски“, Универзитетот на Југоисточна Европа, Државниот универзитет во Тетово, Универзитетот „Гоце Делчев“, Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ и ⁠Универзитетот „Мајка Тереза“.(МИОА/11:20)

Струмица - Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска заедно со амбасадорот на Народна Република Кина во Република Северна Македонија, Џанг Ѕуо во Детската градинка „Виножито“ официјално ќе го означат отпочнувањето на функционирањето на сензорната соба, донација од Кинеската амбасада. (Градинка „Виножито“/ изјави за медиумите во 10:30)

Скопје - Хелсиншкиот комитет за човекови права и Македонското здружение на млади правници (МЗМП) организираат завршен настан на проектот „Борба против тортурата и нехуман третман”, поддржан од Европската унија. (х.„Холидеј Ин“/10:00 до 13:00)

Скопје - Студенти на Медицински факултет при Македонската медицинска студентска асоцијација ќе доделат оксиметри и аспиратори за Детската клиника. (12:00)

Скопје - Отворање на изложбата „Кризата Игра“ на Игор Станоески. (Младински културен центар/ 20:00)

Скопје - Прес-конференција на Македонскиот шампион Ѓорче Петров ЖРК по повод пласирањето во ¼ финале во ЕХФ Европскиот Куп за жени 2023/2024. (просториите на Клиниката Жан Митрев/14:00)

______________________________________________________________________ 

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан