• вторник, 19 ноември 2024
МИА Најави МКД

27 мај 2024

Скопје - Прес-конференција на министерот за здравство Илир Демири. (Горна сала во Министерство за здравство /12:00)

Битола - Конференција за паметни села на ПРЕДА плус фондацијата која во фокус го става концептот на паметни села. (Информативен центар на Националниот парк Пелистер)

Скопје - Одбележување на Меѓународниот ден за менструална хигиена со настан на тема „#ПрваМенструација“. (МКЦ /18:00)

Скопје - Недела на циркуларна економија на Западен Балкан 2024, што се одржува од 27 до 31 мај, на
тема „Одржливи мостови: Обединување, издигнување, надополнување“ во организација на Регионалната иницијатива на ЛогЕкс (LogEx) заедницата - формирана од Балкан Форум.

Штип - Отворање на Второто издание на Меѓународниот фестивал за современа музика во организација на Музичката академија при Универзитет „Гоце Делчев“ (Уметничката галерија „Безистен“, Изјави за медиуми 18:30, Отворање на фестивалот /19:00). 

Скопје - Концерт на унгарскиот Сегед тромбон ансамбл во рамки на скопскиот Брас фестивал посветен на лимените дувачки инструменти. (Мала сала на филхармонија /20:00)

Сараево - Драмски театар со претставата „Хеда Габлер“ во Сараево, Босна и Херцеговина.

Скопје - Книжевна средба со еминентниот хрватски поет, книжевен критичар, есеист и преведувач од шпански јазик Давор Шалат, во организација на Народната и универзитетска библиотека „Свети Климент Охридски“ и книгоиздателството „Макавеј“. (НУБ „Св. Климент Охридски“ /19:00)

Скопје - Промоција на книгата „Додека спиеш“ од македонската поетеса Биљана Стојановска. (Кафе-книжарница „Буква“ /20:00)

__________________________________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

 

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан