• петок, 10 мај 2024
МИА Најави МКД

МИА Најави МКД

25 август 2023 

Скопје - Прес-конференција на премиерот Димитар Ковачевски и заменик-помошникот државен секретар на САД, Габриел Ескобар. (Медиа центар на Владата/10.45, пристигнување на медиумите до 10.15 часот/Прес-конференцијата на македонски јазик /  Прес-конференцијата на албански јазик

Скопје -  Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи ќе одржи прес-конференција на која ќе информира за арбитражните постапки. (Медиа центар на Владата/ 13:00 часот/  Линк за прес-конференција на македонски јазик / Линк за прес-конференција албански јазик)

Скопје - Министерот за здравство Фатмир Меџити во посета на поликлиниката Јане Сандански по повод почеток на примена на новините во примарната здравствена заштита. (Поликлиника Јане Сандански/10.00)

Битола/Новаци/Могила/ – Почнува промотивна кампања за бесплатна правна помош. (на влезот на пазарот во Битола/ 11:00) Отворање на нови канцеларии за бесплатна правна помош во општините Новаци/ 13:00 и во Могила/ 13:00)

Љубљана -  Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски во  посета на припадниците на Армијата кои се ангажирани во справувањето со последиците од поплавите во Република Словенија.

Скопје – „Денови на Мајка Тереза“ – изложба на мозаици „Мајка Тереза – од Скопје во Калкута“ на ректорот на Универзитетот „Мајка Тереза“ Скопје, Изет Зеќири. (НУ Спомен куќа на Мајка Тереза/ 11:00)

Охрид – Во рамки на Научната и уметничка визита 2023, ќе се одржи промоција на изданието на ПРИЛОЗИ, Одделение за технички науки, XXXIX 1-2, посветено на академик Алајдин Абази по повод 80 години од неговото раѓање. (во Куќа на Уранија/ 13:00)

Струга - Портрети на добитниците на наградите „Мостови на Струга“ и „Браќа Миладиновци“ ирскиот пеот Гевин Бредли и македонскиот Димитар Башевски  на 62. издание на фестивалот Струшки вечери на поезијата.

Тетово - Градоначалникот наТетово Билал Касами, ќе присуствува на промоцијата на улица “108”како и на проширувањето на коловозната лента кај кружниот тек, кај ресторан “Бос”. (Улица “108”, кружен тек/13:30)

Скопје – Гази Баба Хип Хоп Фест.

- DJ Работилница со DJ Popeye. (Плоштад „Коцка“ – Автокоманда/ 15:30 – 17:00)

- Tiny Desk Concert со Кацар и Мартикс. (Дом на културата „Димитар Влахов“ – Автокоманда/ 17:30 – 18:30)

- Рап концерт. (на Плоштад „Коцка“ – Автокоманда/ 19:00)

Прилеп – Општина Прилеп организира летен „Prilep OUTLET Weekend“. (вратите на чаршијата ќе бидат отворени од 8:00 – 22:00)

___________________________________________________________ 

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини*** 

Остани поврзан