• недела, 05 мај 2024
МИА Најави МКД

12  март 2024 

Скопје - Седници на собраниската Комисија за транспорт, врски и екологија. (Сала 6/11:00/11:15)

Скопје - Седница на собраниската Комисија за надзор над спроведување на мерките за следење на комуникациите. (Сала 6/12:00)

Скопје - Седница на собраниската Комисија за здравство. (Сала 4/13:30)

Скопје - Министерот за труд и социјална политика, Ѓоко Велковски, директорот на Агенција за вработување, Ведат Османи и Армен Григорјан, постојан претставник на УНДП ќе се обратат на промоцијата на Оперативниот план за активни програми и услуги на пазарот на трудот за 2024 година. (НУ Филхармонија, мала сала/15:00)

Скопје - Комисијата за спречување и заштита од дискриминација ќе одржи прес-конференција на тема „Превентивни активности кои КСЗД ќе ги преземе за време на изборите, во насока на спречување на вознемирувачки говор и пристапност до избирачки места“.  (Прoстории на КСЗД на ул.„Даме Груев“ бр.1/10:00)

Скопје - Прес-конференција на директорот на Државниот инспекторат за животна средина, Сретен Стојковски. (Палата Емануел Чучков, ул.„Бихаќка“ број 2/11:00)

Скопје - Филозофскиот факултет-Скопје при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј„ организира дебата на тема „Улогата и влијанието на религијата во современото општество“.  (Филозофски факултет, сала за состаноци/10:00, изјави за медиумите/9:50)

Скопје - Регионален настан „Дијалози за работата на полицијата во заедницата“ во организација на Евротинк-Центарот за европски стратегии. (Општина Кисела Вода, голема сала/11:00)

Скопје - Државно првенство на бармени и Скопје Бар Шоу, во организација на Здружението на бармени на Македонија. (Лабораториум/14:00)

Велес - Прес-конференција на Театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“. (Фоаје на театарот)

Скопје - Промоција на книгата „Судбината и зборот“ од  Томе Велков. (КИЦ, Салон - Империјал 2/19:00)

Скопје - Отворање на изложбата „Калиопе Австрија и Северна Македонија“, Жените во општеството, културата и науката  во организација на Австриската амбасада и Националната галерија на Република Северна Македонија. (Чифте амам/19:00)

______________________________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан