• петок, 05 декември 2025

МИА Најави - МКД

МИА Најави - МКД

19 мај 2025

Скопје - Премиерот Христијан Мицкоски ќе присуствува и ќе има обраќање на промоцијата на нови пристапи во третман на лица прекршители на законите во тренинг центарот во Идризово. (11:00)

Скопје - Собраниска посета на претставници на Црвен крст и странски делегати и средба со претседателот на Собранието, Африм Гаши (сала на Уставна комисија/11:00)

Скопје - Средба на потпретседателката на Собранието, Весна Бендевска, со Дидие Шасо - амбасадор и помошник - генерален директор, раководител на Одделот за Европа и Блискиот Исток во Швајцарската агенција за развој и соработка, Вероник Умлман - швајцарска амбасадорка, Лукас Рутиман - деск офицер и менаџер за Источна Европа, Кристина Колозова - виша национална програмска координаторка во Амбасадата на Швајцарија и претставници од имплементаторот на ПСП и ИЦД, на средбата ќе присуствуваат и претставници на НДИ (сала 5/11:15)

Скопје - Прв состанок на Националниот консултативен механизам за Реформската агенда (НКМ-РА) („Европска куќа“/ медиумите може да ги снимаат воведните излагања од 09:45 и да земат изјава по отворениот дел)

Скопје - Презентација на Извештајот за транзиција 2024-2025 година на ЕБОР (хотел „Холидеј ин“, конференциска сала „Милениум 2“/11:00)

Скопје - Одбележување 80-годишен јубилеј од основањето на Црвениот крст на Република Северна Македонија со Свечена академија, под покровителство на претседателката Гордана Сиљановска - Давкова (Македонски народен театар/19:00, да се пристигне најдоцна до 18:50)

Скопје - Прес-конференција по повод свечено доделување титула „почесен професор“ на Медицинскиот факултет при УКИМ на гинеколог - акушер, проф. д-р Николаидес Кипрос (хотел „Мериот“/09:30)

Охрид -  Четврти Регионален состанок на претставници на Советите за етика во медиумите од земјите од Западен Балкан и Турција под покровителство на УНЕСКО проектот „Градење доверба во медиумите на југоисточна Европа: поддршка за новинарството како општо добро". (хотел Инекс Олгица, 10 часот). 

Скопје - Музејот на Република Северна Македонија го одбележува Меѓународниот ден на музеите - 18 мај со промоција на публикацијата „Кузман Јосифоски - Питу - животна приказна“ (изложбени простории на Музејот/12:00)

Скопје - Прес-конференцијата по повод 15. издание на Филозофскиот филмски фестивал (Центар „Јадро“/12:00)

Скопје - Работилница со светски реномираниот театаролог Патрис Павис на Факултетот за драмски уметности

Скопје - Изведба на операта „Набуко“ од Џузепе Верди во рамки на 53. издание на фестивалот „Мајски оперски вечери“ (Национална опера и балет/20:00)

Скопје - Настап на „Ченг дуо“. (Филхармонија, „Камерна сала“/20:00)

Скопје - Настап на Павле Филиповиќ од Србија во рамки на 16. издание на Меѓународниот фестивал на класична гитара „Тремоло“ (Музеј на македонската борба/19:30)

Скопје - Свечено отворање на второто издание на „Денови на поезијата“ (главен влез на трговскиот центар „Сити мол“/18:00)

Скопје - Прво издание на фестивалот „Буквално.Џез.“ (Културен центар „Буква“)

- „Џез: звук, слика, збор“ со Владимир Мартиновски (17:00)

- Отворање на изложба „Џез“ (графика, масло, скулптура: Диме Темков и Лучка Кошчак) со ритмични илустрации на Михаил Парушев (19:00)

- Вечерен џез со Zulu 3.4 (20:30)

Битола - Интернационален фестивал на монодрама „Битола 2025“ (Центар за култура)

- Работилница „Еден збор, безброј приказни“ со драматургот Билјана Крајчевска (12:00)

- Монодрама „Приказна за г-дин Сомер“ со актерот Ауримас Пинтулис (20:00)

- Монодрама „Криг“ со актерот Здравко Стојмиров (21:30)

_____________________________________________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан