• петок, 19 април 2024
МИА Најави МКД

23 мај 2023 

Скопје - Продолжение на 115-тата собраниска седница. (Собрание, сала „Македонија“/13:00)

Скопје - Седница на собраниската Комисија за европски прашања. (Собрание, сала „Борис Трајковски“/12:00)

Скопје - Седница на собраниската Комисија за надзор над спроведување на мерките за следење на комуникациите. (Собрание, Сала 6/13:00)

Скопје - Седница на Уставниот суд. (Уставен суд/9:30)

Скопје - Одбележување на 74-годишнината од основањето на УКИМ и на Денот на светите Кирил и Методиј - патрониот ден на Универзитетот.

-Положување цвеќе на споменикот на светите Кирил и Методиј (Универзитетски кампус/10:00)

-Свечена академија (НУ Филхармонија/20:00)

Скопје - Јавен состанок на Агенцијата за пошти. (х.„Мериот“, конференциска сала/11:00)

Скопје - Дебата „Форми на корупција во високото образование“ во организација на Институтот за демократија. (х.„Холидеј Ин“/10:30)

Куманово - Официјално објавување на почетокот на тригодишниот проект „Жените пчелари како двигатели на позитивни промени во Северна Македонија“. (Простории на Занаетчискиот дом-Куманово/10:00)

Скопје - Конференција „Визии за зелена иднина: Партнерство за циркуларност“ во организација на ЦИВИЛ. (х.„Сити Парк“/10:00)

Тетово - Почетен настан од проектот „Иновативни општински дигитални решенија во општина Тетово“, во партнерство со Фондацијата Албиз, а финансиски поддржан како дел од програмата „ЕУ за општините“. (х.Меркур“/11:30)

Скопје - Основачка конференција на Федерацијата на угостителско-туристички училишта од земјите на Југоисточна Европа - ФУТУ. (Младински културен центар, кино сала/11:00)

Штип - Промоција на книгата „Размисли за образованието“ од Кирил Барбареев. (Факултет за образовни науки на УГД/12:00)

Скопје - „Двајца уметници, една планета“ - Звучен перформанс со Сесилија (Ци) Мартенс и Холгер Маик Мертин. (КСП Центар-Јадро/19:00)

Битола - Изложба „Народната култура како трајна инспирација во моето творештво“. (Центар за култура, фоаје/12:00)

Битола - Меѓународна ликовна колонија „Мал битолски Монмартр“. (Стара чаршија/19:00)

Скопје - Петто издание на Фестивалот за литература и илустрација за деца ЛИТЕРА 2023. (Музеј на град Скопје/19:00)

Скопје - Манифестација на отворено „Цртање на асфалт“ по повод 24 мај, Денот на македонските просветители Св.Кирил и Методиј во организација на ЈУ. Детски културен центар - Карпош. (На просторот ПЛОЧНИК-Општина Центар/10:30)

Белград - Сеќавање на Васил Хаџиманов на Денови на македонската култура во Белград. (ПАН театар, голема сала/19:00)

______________________________________________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

 

 

Остани поврзан