• четврток, 21 ноември 2024
МИА Најави МКД

12 октомври 2024

Демир Капија - Министерот за одбрана Владо Мисајловски, министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, началникот на Генералштабот, генерал-мајот Сашко Лафчиски и директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, ќе ги посетат припадниците на Баталјонот на специјални сили и Единицата за брзо распоредување кои заеднички изведуваат алпинистичка обука во реонот на Демир Капија. (12:00)

Скопје - Министерот за здравство, д-р Арбен Таравари ќе присуствува на „World Changers Balkan Summit“, во организација на Владата на РСМ, Министерството за здравство, Министерството за животна средина и просторно планирање и Институтот за напредни студии и соработка. (Филхармонија /10:00)

Охрид - Дводневен Симпозиум по повод 10 години активизам за ретките болести во Македонија и на интернационално ниво. (х. „Нова Ривиера“)

Скопје - Официјалното отворање на Светско првенство во хип-хоп и стрит денс - IDO World Hip-Hop Championship & Street Dance Show 2024. (Спортски центар „Борис Трајковски“ /18:00)

Скопје - Во организација на Естрада Мултимедија Центар ќе се одржи интернационален натпревар во пеење „Песните на Тоше Проески“. (Национална опера и балет /19:00)

Загреб - Изложба по повод јубилејниот 150. број на списанието „Македонски глас“. (Македонски културно-информативен центар, Андрија Хербанг 4 /14:00)

Скопје - Втора интернационална конвенција за тетовирање, Skopje Tattoo Show 2024. (Skopje Event Center)

__________________________________________________________ 

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

 

Остани поврзан