• вторник, 26 ноември 2024
МИА Најави МКД

26 ноември 2024 

Скопје - Посета на Делегација на Комисијата за надворешни работи, Дом на пратеници од Парламентот на Чешката Република.

- Средба со претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши. (Сала на Влада/10:00)

- Средба со претседателот и со членовите на Комисијата за надворешна политика и надворешна трговија. (Сала на Уставна комисија/10:35)

- Средба со претседателот и членовите на Пратеничката група на Собранието за соработка со Парламентот на Чешката Република. (Сала на Уставна комисија/11:25)

Скопје - Првиот заменик-претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, амбасадор на Европската Унија во Северна Македонија, Михалис Рокас, претставничка на УНОПС во Северна Македонија, Микела Телатин и градоначалничката  на Град Скопје, Данела Арсовска ќе присуствуваат на промотивниот настан за примопредавање на шест нови еколошки автобуси на компримиран природен гас, за возниот парк на Јавното сообраќајно претпријатие на Град Скопје. (ЈСП Дирекција, Автокоманда, бул. „Александар Македонски“ бр.10, изјави за медиумите/11:00, презентација и обиколка на автобусите/11:30)

Скопје - Министерот за јавна администрација Горан Минчев ќе даде изјава за медиумите на маргините на состанокот на Управниот одбор на Регионалното училиште за јавна администрација (ReSPA). (х.„Холидеј ин“/17:30)

Цирих - Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски ќе учествува на Глобалната Сајбер Конференција и Самит на Алијансата Исток – Запад 2024.

Скопје - Портпаролот на Влада на Република Северна Македонија, Марија Митева ќе одржи прес-конференција. (Влада, медија центар/11:30)

Скопје - Заменик-шефот на мисијата на САД во Северна Македонија, Никол Варнс, обвинителката за врски со Европравда, Ленче Ристоска, судијата Бетим Јахја и Мите Кузевски од Фондацијата за дебата и едукација ИДЕА Југоисточна Европа ќе се обратат на работилница во рамки на проектот „Мојот антикорупциски дневник“. (Зграда на Јавното обвинителство/9:30)

Скопје - Директорот на Фондот за здравствено осигурување на Македонија, Сашо Клековски и претседателката на ЗПРЛМ, Лили Чолакова Дервишова и претставници на Здружението на приватни лекари (ЗПРЛМ) ќе одржат прес-конференција. (ФЗОМ, 3 спрат/13:00, изјави за медиумите по завршување на средбата, пристигнување на медиумите 15-20 минути пред настанот) 

Скопје - Директорката на Клиниката за гинекологија и акушерство, Ирена Алексиовска Папестиев ќе даде изјава за медиумите по повод раѓањето на бебе од највозрасната мајка во државата - 61 годишна проворотка. (Кабинетот на директорката, 3-ти спрат, спроти амфитетарот/12:00, пристигнување на медиумите во холот на Клиниката/11:50)

Скопје - Осмо издание на Деновите на финансиска писменост во организација на Народна банка, Министерството за финансии, Комисијата за хартии од вредност, Агенцијата за супервизија на капитално пензиско осигурување - МАПАС и Агенцијата за супервизија на осигурување, заедно со приватниот финансиски сектор. (Универзитет Скопје/11:00)

Скопје - Свечен час по повод 80 години од прогласувањето на македонскиот јазик за службен. (Филолошки факултет, сала за седници/11:00)

Скопје - Меѓународен форум на креативни индустрии: Иновативноста и креативноста како капитал во креативната економија во организација на Унијата на македонските професионални асоцијации во креативните индустрии. (Лабораториум/10:00)

Скопје - Отворање на изложбата „Нови генерации“ на учениците од сликарски и вајарски оддел од ДСУЛУД „Лазар Личеноски“. (КИЦ, продажниот ликовен салон/20:00)

Скопје - Осми медиумски фестивал Скопје во организација на Платформата за  истражувачко новинарство и анализи - ПИНА. (Мултимедијален простор Котур)

Скопје - Акустичен концерт на групата „Културно уметнички работници“. (КИЦ, Салон 19:19/20:00) 

 

_________________________________________________________ 

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***



Остани поврзан