• недела, 19 мај 2024

МИА Најави - МКД

МИА Најави - МКД

17 декември 2023 

Битола - Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски заедно со министерот за здравство Фатмир Меџити, заменик министерката за здравство, Маја Манолева и директорот на Градска Општа болница „8-ми септември", Христијан Костов, ќе присуствуваат на презентација на хеликоптерот со нова опрема за итна медицинска помош. (хелиодром Општа болница Битола/изјава за медиуми/10:40)

Скопје - Демократска обнова на Македонија - ДОМ ќе ја промовира предизборната програма 2024-2028. (х.„Александар Палас“/12:30)

Скопје - Под мотото „Да подариме насмевка“, Тимот за одговор при катастрофи – Тим за спасување на планина, облечени во костими на детските херои и Дедо Мраз, со јажиња ќе се спуштат на Клиниката за детски болести во Скопје. (10:30)

Струмица - Трибина „Врсничко насилство, детска кавга или силеџиство". (ЦК „Антон Панов“-Струмица/17:00)

Скопје - Изјава на претставници на Здружението на воени ветерани „БРАТСТВО 2001“. (пред Споменик на бранителите/11:30)

__________________________________________________________ 

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

 

 

Остани поврзан